Може ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив. Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема – емоции.
Овој случај ѝ е доделен на детективката Ким, позната по тоа што тишината и агресијата ѝ се најдобри пријатели. Таа открива дека убиецот во секое убиство остава нешто лично – емоционален очај.
Овој убиец не убива за да не биде откриен, туку за да биде фатен. За него чувството е трофеј, секое тело е обид да ја разбуди човечноста во себе… Ким го разбира и тоа многу добро. Опасно добро…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.