Убиецот, изборот на жртви го прави во парови, ставајќи им пчели во устите.
Тасио брилијантен археолог, обвинет e од неговиот брат близнак Игнасио, за низа ритуални убиства и осуден на дваесетгодишна затворска казна. Пред истекот на одлежаната казна, ритуалните убиства повторно продолжуваат.
Убиецот изборот на жртви го прави во парови: ставајќи им пчели во устите и тенденциозно покажувајќи ги труповите на значајни историски локации, во традиционалните региони. Градот Виторија е место кое оставило белег во историјата и митологијата на баскиската земја, но и во умот на негативецот кој нема среќа: ‘зборовите да ги убие со оружје’. Тој секој ден се сопнува од луѓе кои ги мрази. Неговиот досег и интелигенција се далеку поголеми од полицијата што може да замисли.
Единствена надеж за градот е брилијантниот инспектор Унаи, познат како ‘Кракен’, кој се бори со сопствените демони. Тој е повикан да истражува убиства, мошне слични на оние што ја потресоа Виторија пред дваесет години. Но, тогаш полицијата беше сигурна дека го открила убиецот кој сѐ уште е во затвор. Дали ова значи дека тој е невин или има соучесник? Може ли неговиот брат близнак, Игнасио, кој Тасио го предаде на властите, всушност да е убиецот?
Реалноста и фикцијата се близнаци: доброто и лошото, вистината и лагата.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.