Келси е четиринаесетгодишно девојче кое исчезнува пред седум години – се претпоставува дека е мртва. Последиците од исчезнувањето за семејството на Келси се рингишпил на ужаси кои резултираат со колекција на апчиња во боја на виножито.
После седум години исчезнува уште едно девојче. Друго семејство претрпува лична трагедија од која раните не исчезнуваат – загубата е фингиран ѕвер што може да проголта цела личност.
Агентот Марк води паралелна истрага за животот на двете девојчиња, која открива индиции за една вистина потемна и од мрак. Постои ли казна полоша и од смртта?
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.