ПОДАТОЦИ ЗА ПРИВАТНОСТ

Издавачката куќа КНИГОХОЛИЧАРИ се обврзува дека нема да ги злоупотребува личните податоци внесени при процесот на нарачка. За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот (како што се име и презиме, мејл, адреса на живеење и слично).

Издавачката куќа КНИГОХОЛИЧАРИ нема да ги дава ниту открива личните податоци на потрошувачот, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Сите податоци на потрошувачот се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија.

Издавачката куќа КНИГОХОЛИЧАРИ е одговорна за почитување на условите за приватност.

Издавачката куќа КНИГОХОЛИЧАРИ се обврзува дека ќе ги заштитува личните податоци на потрошувачот и дека ќе ги евидентира само основните податоци потребни за тековната работа. Податоците со кои се пристапува на интернет-страницата се евидентираат автоматски, како што се бројот на посети, времето поминато на страницата и слично.

Издавачката куќа КНИГОХОЛИЧАРИ има право да ги користи исклучиво за оценување на посетеноста на интернет-страницата и за подобрување на нејзината содржина и функционалност. Во случај на промена на кои било лични податоци (на пример, адреса на достава или број на стан) кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен за промената да го извести издавачот. Во случај на промена за која не е известен, издавачот не одговара за каков било недостаток во поглед на нарачката односно испораката на прозводот.