-
МИСТЕРИОЗНИОТ СТРАНЕЦ
Емотивна и моќна романса која ќе ви го распарчи срцето и повторно ќе го спои.
-
ОВОЈ ЧОВЕК
Тој е зависен од адреналин, сака крвта силно да му пумпа во вените… Таа е разочарана од мажите и сака кариера.
-
ПРЕДАЛЕКУ
Тој спие со многу девојки, но неа не сака ни да ја допре.
Таа го сака тој што не смее ни да го помисли.
-
УБАВИНА ДО БОЛКА
Ако во странска земја неодолив милионер сака да помине незаборавни три месеци со вас, дали би прифатиле?
-
ПРЕБЛИСКУ
Што би направиле ако личноста на која никогаш повеќе не треба да ѝ верувате, е токму онаа личност која очајно ви треба?
-
СТАКЛЕНО СРЦЕ
Емотивна романса за тоа што значи да се сака со цело срце. Да се доживее страшна тага и голема радост. Да се живее животот со сета негова убавина и сета болка. И на крајот да можеш да се насмееш и низ солзи да кажеш: „Ништо не би променил.“
-
ДОКТОР СКАНДАЛОЗЕН
Тој е доктор заводник – милијардер. Жените фантазираат за него, му се восхитуваат и го посакуваат…
-
ОВОЈ ЧОВЕК – КАЗНА
Еротска романса за страста и љубовта, болката и лузните на душата. Приказна која опседнува и создава зависност.
-
-
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ
Срцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година за време на Втората Светска војна, во Полска, Томаш ја запроси Алина. Од тогаш таа го мереше времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираа местото, тие наоѓаа нови длабочини на суровост…
-
ШТО ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ
1929 година: На осумнаесетгодишна возраст Клара е растргната помеѓу љубовта на нејзиниот живот и нејзините надмоќни родители, кои ѝ договориле брак. Кога таа ќе го послуша срцето, одбивајќи го веќе договорениот брак, нејзиниот татко ја казнува сурово – сместувајќи ја во лудница.
1990 година: Мајката на Изи фатално го застрелува нејзиниот татко додека спие. Изи е уништена од лудоста на сопствената мајка, дури и сега кога има 17 години, да ја посети во затвор…
-
БОЖИЌ СО МОЈОТ ШЕФ
Адвокат – срцекршач, ја тера својата жешка асистентка да потпише договор дека нема да го легне.
-
УБАВИНА ОД ЉУБОВ
Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени кои го посакуваат?
-
ПРЕД ДА СЕ РАЗДЕЛИМЕ
Мет и Грејс беа две осамени души, уште од првиот момент кога се сретнаа тие станаа неразделни пријатели. Со тек на времето нивното пријателство прерасна во голема љубов. Двајцата беа талентирани и имаа соништа кои сакаа да ги остварат. Но, судбината не беше милослива кон нив – ја стави на тест нивната љубов и доверба, при што патиштата им се разделија. Тие си ветија дека ќе бидат во постојан контакт и во најскоро време повторно ќе се видат.
-
ПРЕМНОГУ
Љубовта е чудна. Доаѓа од нигде-никаде. Таа е чиста емоција и страст. Емоцијата и страста може да бидат опасни бидејќи се полни со љубов… и омраза.
-
КАМЕНО СРЦЕ
„Љубовта ми навлезе во пукнатините на моето скршено срце, не знам дали ќе ми предизвика болка или ќе ме излекува”.
-
ГОЛА ВИСТИНА
Брин зад себе го остава скандалот со политичар и се сели во Лондон за да заборави на минатото. Таму таа има совршен живот како фотомодел, сè додека младиот бизнисмен Итан не го купи нејзиниот гол портрет…
-
ДЕСЕТ МАЛИ ВОЗДИШКИ
Во сообраќајна несреќа, Кејси фатално ги загуби своите најблиски. Барајќи начин како да продолжи понатаму, кога целиот нејзин свет се распаѓа и болката ѝ ја пара душата, вложува натчовечки напори да го закопа минатото и да започне одново со камено срце.
Таа и нејзината петнаесетгодишна сестра Ливи, бегаат вооружени со две автобуски карти од местото каде што некогаш живееја, за да започнат нов живот во Мајами – градот на забавите…