-
БОЖИЌНАТА КУТИЈА
Инспиративна божиќна приказна која ја обликува и ја менува човековата перцепција засекогаш.
-
ФРАНЦУСКАТА КУРТИЗАНА
Историски роман за единствената жена која била најплатена куртизана во историјата, но сепак достојна за почит! Нејзиниот лик сè уште живее во светот на книжевноста и се реинкарнира на најпрестижните оперски сцени.
-
ТИВКАТА ДАМА
Во позната лондонска канцеларија на угледен адвокат влезе жена во скапа, но многу извалкана облека што виси на нејзиното изнемоштено тело. Таа изгледа како да има потешкотии да зборува. Персоналот во канцеларијата мисли дека станува збор за скитничка која спие по улици.
-
-
ВОЗОТ СО СИРАЦИ
Моќна сага за животните пресврти, издржливоста и едно неочекувано пријателство.
-
ПРЕД ДА ТЕ ПУШТАМ ДА ЗАМИНЕШ
Неверојатна драма за сестринската пожртвуваност и границите на љубов кои се протегаат толку далеку сѐ додека не се раскинат.
Лекси и Ени беа двe неразделни сестри. Уште како деца не можеа една без друга. Кога нивниот татко ненадејно почина, заедно успеваат да ги надминат бурите во нивните животи. Но подоцна како возрасни, патиштата…
-
КОДНО ИМЕ ХЕЛЕН
Убава. Храбра. Опасна.
Жена со повеќе имиња. Единствена која знае да кодира пораки и станува најмоќниот лидер во францускиот отпор. Поради нејзината ненадминлива способност, Гестапо нуди пет милиони франци на тој што ќе му ја доведе. Со тоа таа влегува во историјата како легенда.
-
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
Во 1953 година во Техеран: две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
-
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МЕ ВИДИШ
Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот.
-
НАДЕЖ ПОМЕЃУ СТРАНИЦИТЕ
Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.
-
-
ВТОРИОТ ЖИВОТ НА МИРИЕЛ ВЕСТ
Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.
-
ГЕРМАНСКАТА ЖЕНА
Срцепарателна приказна за љубовта, семејството и за изборите што луѓето ги прават кога се најслаби. Кели Ример пишува со длабоко сочувство за човечките слабости.
-
ДЕВОЈКАТА СО СЕДУМ ИМИЊА
Вистинска приказна за една храбра и исклучителна жена која успева да помине низ пеколот и назад.