Божиќна приказна што ќе ве стопли како шолја топло чоколадо во студена зимска вечер и ќе ве потсети дека најубавите љубовни приказни започнуваат токму тогаш кога животот ќе ни ги расипе сите планови.
Кога Хејли дознава дека нејзиното поранешно момче ќе биде гостин на семејниот Божиќ, решава да побегне од празничниот хаос и да ги помине деновите сама, во пријатна колиба опкружена со снег, музика и тишина. Барем така замислува…
Сè додека не го запознае Џеј – шармантниот син на градоначалничката, кој сосема неочекувано ќе внесе нова мелодија во нејзиниот живот.
Меѓу топлите вечери покрај каминот, снежните прошетки и украдените погледи, Хејли открива дека понекогаш најубавите љубовни приказни започнуваат токму кога плановите ќе тргнат наопаку. Бидејќи за вистинска божиќна магија понекогаш се потребни само снег, музика и еден неочекуван бакнеж!
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









