Божиќ е најубав на волшебниот остров со живописен тиркизен океан, бели песочни плажи и жители кои умеат да ги слават и сончевите лета и студените празнични зими.
Токму таму, две пријателки, блиски како сестри, си дадоа ветување дека, што и да им приреди животот, секогаш ќе се враќаат дома за Божиќ.
Но сега, на четириесет години, нивните животи се менуваат. Разводите, разочарувањата и новите почетоци ги водат по неочекувани патишта. Кога едната се враќа во домот на својот татко, не ни претпоставува дека ја очекува средба со маж кој повторно ќе ѝ го стопли срцето.
На островот каде што Божиќ мириса на колачиња и топло чоколадо, светкави украси и надеж, се случуваат чуда. Божиќ го враќа она што сме го изгубиле, а понекогаш ни подарува и нешто за кое не ни знаеме дека ни недостасува.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









