-
БИВШИОТ
329 денМислеше дека му избега на бившиот, но некој не ја изгуби од вид.
Вилоу го смени името, го остави стариот живот зад себе и исчезна без трага. По години поминати во страв, конечно мисли дека успеа да избега од човекот кој ѝ го претвори животот во пекол. Нов дом. Нов идентитет. Нов почеток. Барем така мисли. Кога ќе се зближи со својата нова сосетка Прија, Вилоу почнува повторно да им верува на луѓето. Но, нејзиното чувство на сигурност се распаѓа кога открива дека Прија и нејзиниот бивш имаат заедничко минато. Минато за кое никој не ѝ кажа.
Одеднаш, чудни погледи, необични средби и необјасниви совпаѓања. Вилоу почнува да се сомнева дека некој знае која е таа. Дека нејзиниот нов живот можеби никогаш не бил тајна.
590 ден -
МОЈОТ ЖИВОТ ВО ХАРЕМ
329 денОд ескорт-девојка до најпосакувана жена во харемот…
Јахти и шампањ, раскош и забранети задоволства – вистинска приказна за една фатална жена која заводливо се искачува по скалата на успехот и добива пристап до живот за кој повеќето можат само да сонуваат.
Меѓу многуте пријавени девојки само Џилијан ја има таа привилегија да замине во Ксанаду: раскошен приватен комплекс, харем на принцот Џефри Болкија од Брунеи. Зад блескавата фасада на харемот се крие свет што ги надминува и најсмелите фантазии.
590 ден -
ДОМОТ Е ТАМУ КАДЕ ШТО Е СЕМЕЈСТВОТО
299 денБожиќ е најубав на волшебниот остров со живописен тиркизен океан, бели песочни плажи и жители кои умеат да ги слават и сончевите лета и студените празнични зими.
Токму таму, две пријателки, блиски како сестри, си дадоа ветување дека, што и да им приреди животот, секогаш ќе се враќаат дома за Божиќ.
520 ден -
БОЖИЌНИТЕ ЅВОНЧИЊА
299 денМирисот на штотуку испечени колачи, треперењето на божиќните светилки и веселата празнична врева понекогаш будат спомени за кои мислиме дека одамна сме ги заборавиле.
Труди го затвори срцето за нови љубови и се навикна на живот без големи изненадувања. Но, еден неочекуван повик ја носи во шармантно гратче, каде што ја чека наследство од нејзината сакана тетка – прекрасен пансион исполнет со спомени. Токму кога мисли само да ги среди работите и да продолжи понатаму, таа се наоѓа среде божиќна еуфорија, неочекувани пријателства и средба што ѝ буди пеперутки во стомакот.
520 ден -
БОЖИЌНА РАДОСТ
299 денЕдна семејна пекарница, еден тврдоглав и згоден маж и Божиќ полн со неочекувани изненадувања!
Кога Џејд се враќа во родното гратче за да ја спаси пекарницата, не ни сонува дека покрај семејните рецепти и мирисот на божиќни колачи ќе ја пронајде и љубовта.
Но, зад затскриените прозорци на пекарницата се крие тајна што може да промени сè. И токму човекот од кого најмалку очекува помош ќе ѝ покаже дека чуда се случуваат за време на Божиќ.
520 ден -
ТИ СИ МОЕТО БОЖИЌНО ЧУДО
299 денБожиќна приказна што ќе ве стопли како шолја топло чоколадо во студена зимска вечер и ќе ве потсети дека најубавите љубовни приказни започнуваат токму тогаш кога животот ќе ни ги расипе сите планови.
520 ден -
ПАНСИОНОТ РОУЗ
299 денЖивотот секогаш нè враќа таму каде што срцето нè води.
По долги години далеку од Шкотска, Ели се враќа во Фолбери – мало рибарско село на брегот, полно со спомени од нејзиното детство. Таму ја чека „Куќата со рози ”- стариот пансион на нејзината тетка, кој полека го губи својот некогашен сјај и има само една последна шанса да биде спасен. Но, враќањето дома значи и соочување со минатото. Со Греам – нејзината прва љубов, човекот коj мислеше дека одамна го остави зад себе…
550 ден -
ВТОРИОТ МЕДЕН МЕСЕЦ
329 денДенес е нашата десетгодишнина од бракот и мојот сопруг планира да ме убие. Тој мисли дека не знам…
Андре, мојот сопруг, ми приреди втор меден месец. Ќе одиме на крстарење со луксузен крузер, само ние двајца и бескрајниот океан. Ми купи нова облека. Отвори шампањ. Се насмевна како повторно да е вљубен во мене.
Зад сето ова совршенство се крие совршен план: неговата нова девојка чека да го заземе моето место. Таа треба да му биде нова сопруга.
590 ден -
СОПРУГАТА ПРЕКУ УЛИЦАТА
299 денСопругата полека го доведе до лудило…
Откако се ожени со неа, неговиот живот изгледа совршено. Но, со текот на времето, почнуваат да се случуваат чудни работи.
Постепено, неговото секојдневие се претвора во низа необјасниви случувања. Тој сè повеќе се изолира – дали таа се обидува да го натера да се посомнева во сопствениот разум?
490 ден -
МУДРИЦАТА ОД ИСТАНБУЛ
299 денИако не е Турчинка, целиот Босфор зборува за неа.
Од осамено девојче, Елеонора станува најголема мистерија во Истанбул. Нејзината супериорност стигнува до палатата на султанот и тој сака лично да ја запознае.
Но, зошто токму неа?
Кога Елеонора влегува во палатата на султанот, таа буди стари тајни и го разнишува целиот Истанбул – некои ја сакаат, а други се плашат од нејзината моќ. Султанот ѝ укажува невидена почест, тој наредува сите да ја слушаат и ѝ доверува тајна што никој не смее да ја знае…
550 ден -
КРИТ – ОСТРОВОТ НА НАДЕЖИТЕ
299 денЗа да си го зачуваат бракот, отидоа во Крит – местото каде што започна нивната љубовна приказна.
Иди мисли дека една седмица под грчкото сонце, далеку од секојдневието, може да им помогне на неа и Ралф повторно да се пронајдат.
Додека старите спомени оживуваат, Еди и Ралф се соочуваат со сè што премолчуваа: со љубовта што сè уште тлее меѓу нив, но и со прашањето дали е доволна за да не се изгаси.
520 ден -
ТАЈНИТЕ НА ФРАНЦУСКАТА РИВИЕРА
249 денТаа побегна од него, но тој ѝ остави јахта со нејзиното име…
Агнес се враќа во Кан, иако не сака да го оживее минатото. На пристаништето ја пречекува нешто што не може да го замисли ни во најлудите фантазии – јахта со нејзиното име. Закотвена во времето што одамна го напушти. А сепак, таа е жива. Плови и ја чека.
Но, јахтата не е само подарок, таа е порака од мажот од кого побегна.
520 ден -
ПРЕКРАСНАТА ИТАЛИЈА
249 денОтиде во Сардинија за да заборави еден маж, но сретна друг што ѝ го промени целиот свет.
Лола бега од токсична врска и сака нов почеток далеку од мажот кој ја гуши. Под жешкото медитеранско сонце, на раскошна свадба исполнета со шампањ, луксуз и тајни, таа го запознава Рис – маж кој мисли дека никогаш не би бил со неа.
Само една авантура. Само неколку дена. Без чувства.
520 ден -
МАНИПУЛАТИВНИ ИГРИ
299 денНајопасно место не е нејзината ординација, туку нејзиниот ум.
Докторка психијатар лесно навлегува во умот на пациентите, длабоко до нивните најскриени мисли и ги обликува како што таа сака.
Дури и најтврдокорните попуштаат. Чекор по чекор, ги носи до работ на бездна и потоа ги турка.
590 ден -
ЕДНО ЛЕТО ВО ГРЦИЈА #1
249 денСонце, коктели и љубов што не знае да остане во минатото.
Џина Бенет живее совршен живот само однадвор. Однатре таа чувствува празнина што повеќе не може да ја игнорира. По уште едно разочарување од сопругот, таа прави храбар чекор – заминува. Без план. Без правила. Само со желба повторно да се почувствува жива.
На грчки остров ноќите брзо ѝ преминуваат во нови утра. Нови пријателки, гласна смеа и коктели што го бришат чувството на вина.
490 ден -
РОДЕНДЕН ВО ЊУЈОРК #2
249 денДиди решава својот роденден да го прослави со стил и ги носи своите најблиски пријателки во Њујорк – градот на соништата, каде што сè изгледа возможно.
Тие се сместуваат во куќа покрај плажа, како излезена од разгледница. Поминуваат блескави вечери со коктели и разговори што траат до зори. Старите спомени повторно ѝ оживуваат на Диди и нови искри што не ги предвиде.
490 ден -
ЕДЕН НЕВЕРОЈАТЕН ОДМОР НА МАЛДИВИ
299 денПриказна за нов почеток, неочекувана љубов и храброст да го промениш животот, дури и кога тоа значи да почнеш од нула. На пуст остров.
550 ден -
ХИРУРГОТ
299 денБезмилосна љубовница која не бара љубов, туку моќ над нечиј живот. Тајна која уништува сè што навидум изгледа совршено.
Пред мојот свет да се распадне, имав сè: кариера за која отсекогаш сонував, дом во кој наоѓав мир, прекрасен сопруг, згоден, посветен, градоначалник со сини очи кои секогаш влеваат чувство на сигурност…
550 ден -
НЕКОГАШ ВО ВЕНЕЦИЈА
299 денМоже ли еден магичен град да ја промени судбината или само љубовниот статус?
Добредојдовте во Венеција – градот на љубовта, каде тајните шепотат зад маските.
550 ден -
СОВРШЕНИОТ БРАК #1
249 денДали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
550 ден




















