-
ЛАВИЦИТЕ ОД ТЕХЕРАН
249 денОние што те сакаат најмногу и оние на кои најмногу им веруваш, може да ти го уништат животот.
Иран, земја каде што законот наложува деветгодишни девојчиња да можат да стапат во брак, каде што по улици шета полиција за морал и казнува жени за несоодветно носење на хиџаб со тепање и затвор… Две жени лавици се борат за женските права.
520 ден -
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
199 ден1953 година во Техеран, две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
500 ден -
ЗАСПАНАТА КУКЛА
249 денТри невини жени се спремни сè да направат за убиец. Дали тие се заблудени или изопачени?
Даниел е убиец кој од жените прави кукли. Ништо не го прави посреќен од тоа да трансформира некој во суштество кое самиот ќе го обликува. Жените за него се спремни да прават работи коишто ни самите не можат да ги замислат. Луѓето за него прават сè што тој ќе посака… Тој зрачи со таква харизма што привлекува сè поголема група фанатици кои му се восхитуваат, нарекувајќи ги ‘семејство’, и има целосна контрола врз нив…
550 ден -
СЀ ДОДЕКА РАСТАТ ЛИМОНОВИТЕ ДРВЈА
249 ден„Сè додека растат лимоновите дрвја, надежта никогаш нема да умре.”
Сирија. Салама која работи во болница како хирург и спасува многу животи секој ден, се бори со совеста што ја измачува. Принудена да порасне прерано поради околности кои се надвор од нејзина контрола, таа се соочува со дилема дали да ја напушти својата сакана татковината или да остане дома.
520 ден -
ТИВОК КРИК
249 денМоже ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив. Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема – емоции.
550 ден -
КРВТА НА ЦВЕЌИЊАТА
249 денВо традиционална земја каде што бракот од неколку месеци е легален и може да се обновува, една млада жена добива понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци. Дали може да го продолжи?
520 ден -
НАЈСВЕТЛАТА ЅВЕЗДА #1
249 денКога некоја личност ја сакаш, а не знаеш зошто, тоа е љубов.
На Отам ѝ е уништен животот, нејзиниот дечко ја изневери… Таа си вети дека никогаш повеќе нема да го довери срцето на друг, сè додека не го сретна неодоливиот Конор.
520 ден -
УБАВИ СРЦА #2
249 денНикогаш повеќе нема да дозволам моето срце да стане играчка на некој друг. Никогаш повеќе нема да дозволам маж да застане помеѓу мене и моите цели. Никогаш повеќе нема да сакам без да добијам љубов за возврат. Ќе ја барам вистинската љубов, па ако треба и целиот мој живот за да ја пронајдам.
520 ден -
КЛЕОПАТРА
249 денКлеопатра, македонската кралица која не само што го промени Египет, туку го промени и светот.
Клеопатра се капе во млеко и пие вино од златни пехари… За неа кралскиот живот е само едно театарско шоу: кој најдобро глуми, нему му веруваат. Но, таа и без да глуми ги освојува сите – луѓето ја обожаваат како бог.
550 ден -
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ТИГАР
199 денЖените што ги регрутираат се високообучени како да заведат и да извлечат тајни.
Сингапур. Една убава и неидентификувана Јапонка е пронајдена мртва на брегот покрај морето. Грлото ѝ е расечено, а нема ни капка крв. Форензичар тврди дека се работи за самоубиство. Како е можно тоа?
Инспекторот Максимо Бетанкур e ангажиран да го истражува необичното самоубиство. По исчезнувањето на неговата сопруга, неговиот живот и неговата кариера се распаднаа. Колку е тој способен да истражува комплициран случај?
490 ден -
ШТО ЗАБОРАВИ ТАА
199 денШто би правеле доколку го изгубите сеќавањето и не знаете кои сте? Личноста за која мислите дека сте, ви велат дека не сте…
480 ден -
ЉУБОВНИЦАТА НА КРАЛОТ
249 денЗошто еден крал повеќе ја сака неговата љубовница, отколку својата кралица?
Вратите се отвораат, стражарите се повлекуваат, дворјаните паѓаат како покосено класје. Жените, иако ја мразат, ги спуштаат главите и тивко се поклонуваат пред нејзините нозе. Мажите ја посакуваат, но само еден може да ја има – оној кој ѝ даде моќ – кралот Хенри Тудор.
490 ден -
ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ
199 денМалото момче Ајден залутува далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка, Ема, беспомошно гледа кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не е пронајдено.
490 ден -
ВЛАДЕЈ СО СВОЈОТ УМ
199 денНе дозволувајте стравот да ве спречи да напредувате. Кога ќе соберете храброст да продолжите понатаму, стравот полека ќе исчезне. Клучот за вашата сопствена среќа лежи во вас, а не во рацете на другите.
Здравје, мирен сон, љубов… Овие работи не можат да се купат, туку треба да се заслужат.
450 ден -
МОНАХОТ КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД СВОИТЕ МИЛИОНИ
199 денВистинска приказна за монахот кој се откажа од своите милиони.
450 ден -
ТРЕНИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ УМ ЗА ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ: Привлечете и добијте сè што сакате во животот
199 денАко вашите цели ви изгледаат недостижни, тогаш оваа книга е за вас. Таа ќе ви помогне да заборавите на минатото и да се фокусирате на вашите цели.
400 ден -
НАЈПОСАКУВАНАТА ГЕЈША
249 денВистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.
Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа. Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми. Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.
490 ден -
ГОРЧЛИВ ПРЕВЕЗ
199 денАна е Американка која се заљубува во богато и надежно момче, Нури, со потекло од Иран.
За кратко време, Нури ѝ нуди брак на Ана и ја води во Иран. Иако на почеток таа е исплашена на што сè може да наиде, подоцна е фасцинирана од богатото семејството на Нури и убавините на Иран: егзотични мириси и зачинета храна со неодоливи вкусови во високите кругови…
490 ден -
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ #1
249 денСрцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година, за време на Втората светска војна, во Полска, Томаш ја запросува Алина. Оттогаш таа го мери времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираат местото, тие наоѓаат нови длабочини на суровост. Нејзе ѝ преостанува само да го мери просторот помеѓу очајот и надежта за животот на нејзиниот сакан – Томаш.
550 ден -
СИРАКОТ ОД ВАРШАВА #2
249 денСрцепарателна приказна за Елзбиета и опасниот обид на Роман да ја поврати љубовта и животот што некогаш го имале.
490 ден




















