ИЗАБЕЛ #2

480 ден 200 ден

Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.

Дали сум истата личност што бев порано или во мене расте нова темнина која не можам да ја контролирам?

Иако имам нов идентитет и друг дом, кога поминувам покрај луѓе, се чувствувам убедена дека знаат која сум и го знаат мојот срам. Но, тие немаат поим која сум јас. Не знаат дека сум обележана. Тие не ги гледаат лузните што ме прават нечиста. Некои од нив не се видливи, другите ги скривам.

Ме разбуди кошмар, само не e мој. Додека адреналинот ми тече, сè уште во вените го оставам ножот. Таа е добра во играње умствени игри, кога сака да ме исплаши знае точно како да го направи тоа. Таа е храна за моите кошмари. Јас ги носам лузните, јас сум таа што има кошмари и зема лекови. Јас сум таа која кога и да погледне птица, нејзиниот глас ми одѕвонува во уши. Но и јас сум таа која најмногу ја повредува таа кучка сериски убиец – Изабел.

Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.

Книгата е 2 дел од серијал. Прва е „Малата пациентка“, а 3 дел е „Лиа“.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори

Поврзани книги