СОВРШЕНИОТ БРАК

490 ден

Дали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?

Дали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?

Сара е успешна млада адвокатка, таа има кариера каква што секоја жена би посакала. За неа се вели дека нема случај што го изгубила. Таа може и најголемиот сериски убиец да го направи невин пред очите на судот…

Нејзиниот сопруг Адам е писател кој се бори да се истакне во својата бранша. Неговиот брак со Сара од ден на ден станува сè помонотон… Така, тој се впушта во врска со атрактивна девојка која се претставува како Кели. Тие се гледаат во луксузната куќа на езеро којашто неговата сопруга му ја купи за да најде мир во пишувањето.

Авантурата трае непречено сè до едно утро кога сè се менува. Адам е уапсен за убиство на неговата љубовница, а неговата сопруга Сара е негова адвокатка. Дали Сара ќе го спаси нејзиниот сопруг од сигурна затворска казна или пак, ќе дозволи да има еден изгубен судски спор?

„Совршениот брак“ е извртен компулсивен трилер со интригантен заплет, кој ќе ве остави будни цела ноќ!

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори