МИЛОСТИВА СМРТ

480 ден

Убиец кој го билда егото на жените и ги крши огледалата на жртвите…

Таа е убиец кој ги поминува сите полиграфи на ФБИ и станува специјална агентка.

Во семејството на Мерси се случува шокантна трагедија која ѝ го распарчува животот. По трагедијата, оставена сама на себе, таа неволно го напушта својот дом во руралното подрачје Орлово гнездо – Орегон и се сели во урбан град, каде што станува најквалификувана специјална ФБИ агентка.

По петнаесет години судбината повторно ја враќа во родното место право во амбис: да ја заврши работата којашто ја започна пред да го напушти малото место кое крие големи тајни. Менталните слики се судираат со логиката. Испратена од ФБИ, сега таа има задача да ја одгатне мистеријата која натежнува со години: да го пронајде предаторот кој локалното население го нарекува ‘Пештерски човек’ – убиецот кој ги крши огледалата во домовите на жртвите и им го собира оружјето… Таа таму се сретнува со шефот на полицијата Труман, чијшто чичко беше последна жртва на убиецот. Иако таа очајно се обидува да ја сокрие вистината, шефот на полицијата ја скенира психата на Мерси. Ако таа само малку му дозволи да ѝ се приближи, тој ќе ја дознае нејзината тајна и можеби таа нема да може да ги преживее последиците…

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.