Нејзиното животно искуство со анксиозноста ја направи најдобра докторка за лекување на тинејџери.
Кога Клои имаше дванаесет години, шест тинејџерки исчезнаа во нејзиниот град. До крајот на летото нејзиниот татко е уапсен и веднаш осуден на затворска казна. Клои и остатокот од нејзиното семејство остануваат да се борат со вистината и се обидуваат да продолжат напред – да се справат со последиците.
По дваесет години Клои е психолог и се подготвува за својата свадба. Никој не знае чија ќерка е и таа има намера така и да остане. Конечно го добива спокојот за кој толку напорно се труди. Меѓутоа, понекогаш таа се чувствува без контрола над сопствениот живот, како и проблематичните тинејџерки кои се нејзини пациентки. И кога мисли дека минатото е зад неа, исчезнува уште една атрактивна девојка, па друга и тоа застрашувачко лето повторно ја враќа назад во темнината… Дали таа е параноична и гледа паралели што не постојат или пак некој знае која е таа?
Маестрален лирски трилер кој ќе ве води на незапирливо патување низ процепите на човечката психа: помеѓу доброто и злото, темнината и светлината на човечкиот ум.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.