После краткиот престој во психијатриска болница, репортерката Камил се соочи со вознемирувачка задача: „Да се врати во својот роден град и да напише колумна за исчезнатите девојчиња од нејзиниот крај“. Иако односот со нејзината невротична, хипохондрична мајка и морничава полусестра ѝ беше дисфункционален, таа сепак се смести во викторијанската куќа на нејзиното семејство.
Колку повеќе откриваше за исчезнатите девојчиња, толку повеќе ја прогонуваа сопствените демони.
Таа го помина целиот нејзин живот обидувајќи се да ја затапи психичката болка и да ја замени со физичката, со силни дози бруфен. Нејзиното тело беше мапа од врежани зборови кои водеа до една болна вистина. Болката ги обединуваше луѓето повеќе и од среќата.
Но, некои лузни никогаш не заздравуваа…
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.