СЛЕДИ МЕ

480 ден 250 ден

Какви мисли креира умот на еден шизофреничар?

„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.

Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.

Кога една жена од религиозна заедница тврди дека шизофренијата на Лена не е болест, туку божествени дарови, Лена мисли дека ова може да биде одговор за нејзината слобода.

Но, што ако не е сè како што навидум изгледа, дали тврдењата на жената ќе ја ослободат Лена, или, наместо да ја ослободат, ќе ја испратат подлабоко во лавиринтот на нејзиниот заблуден ум?

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.