Таа прави голема свадба – без младоженец – така ѝ наложува традицијата.
Чи Лин, иако потекнува од семејство на интелектуалци, сепак се мажи за човек кој умира пред свадбата и, според традицијата, свадба мора да има – таа станува сопруга на мртов човек и прави ритуали кои не ги познава. По венчавката е принудена да живее во ултра богатото семејство на ‘својот сопруг’ со неговите три жени кои веќе му родиле деца.
И покрај потешкотиите со кои таа се соочува и борбата за доминација и моќ на жените, таа успева да го негува својот цвет за да расцвета и добива име „Виолетовата Жалфија”. Бидејќи наоѓа начин како да го сплоти семејството и да ја омекне и најтврдокорната традиција, со тоа ја презема моќта во своите раце и станува жена која го има последниот збор…
Фасцинантна сага за издигнувањето на една жена – од експлоатација до влијателност.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









