Таа побегна од него, но тој ѝ остави јахта со нејзиното име…
Агнес се враќа во Кан, иако не сака да го оживее минатото. На пристаништето ја пречекува нешто што не може да го замисли ни во најлудите фантазии – јахта со нејзиното име. Закотвена во времето што одамна го напушти. А сепак, таа е жива. Плови и ја чека.
Но, јахтата не е само подарок, таа е порака од мажот од кого побегна.
Кога ќе стапне на палубата, Агнес открива дека тој не ѝ оставил само јахта, оставил тајни и нешто што ќе ја натера да се запраша дали навистина побегна од него.
Затоа што некои љубови не завршуваат кога ќе заминеш, туку чекаат да се вратиш.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









