Ослободи се од минатото и пронајди го својот мир.
Кога животот ти носи само болка, имаш две опции: да останеш таму каде што си или да се издигнеш.
Овој водич за трансформација ќе ти помогне да ја претвориш болката во сила, стравот во храброст и сомнежот во верба во себе. Преку моќни пораки и практични насоки, ќе научиш како да се ослободиш од товарот на минатото, да ја вратиш самодовербата и повторно да застанеш цврсто на своите нозе. Ќе откриеш како да го извлечеш најдоброто од себе – дури и кога мислиш дека го нема.
Ова не е само патување кон подобрата верзија од себе.
Ова е будење на силата што отсекогаш е во тебе. Ова не е крај – ова е твој нов почеток.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.






