Нефертити не е како другите жени, таа е посебна. Иако нема кралска крв, престолот ѝ е загарантиран…
Таа уште како мала покажува интерес за пишување и наука, но бидејќи во нејзино време е забрането жените да пишуваат и да го надградуваат своето знаење, таа започнува тајно да учи.
Веста за нејзината впечатлива убавина, мудрост и интелигенција го привлекува вниманието на манипулативната и најмоќна кралица Тије, која е господарка на заговорите и интригите и најсакана жена на фараонот. Таа наредува Нефертити да живее во кралството на фараонот, бидејќи има планови за неа.
Нефертити само што ќе влезе во кралските одаи, сите ја гледаат како занесна убавица и веднаш добива понуда да стане жена на престолонаследникот – фараонот. Но, таа не сака никому да му се покори и да биде нечиј пион, па ја одбива понудата да биде кралица, бидејќи сака нешто повеќе…
Љубов, тајни, моќ и бунт. Извонредно патување низ историјата и откривање на скриените тајни на најголемите легендарни моќници.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









