Таа не е само сопруга на владетелот, туку сила што ги поместува границите на моќ.
Секоја одлука на Нефертити ја приближува до сè поголема моќ, но и до нови непријателства. Таа ја користи својата остроумност и шарм и влијае врз одлуки коишто го менуваат Египет. Но, колку повеќе расте нејзината моќ, толку повеќе се зголемуваат и непријателите околу неа…
Палатата станува шаховска табла, а таа фигура која или ќе биде жртва или ќе ја промени историјата.
Игра на моќ каде секој чекор има цена, а секоја цена бара жртва.
Книгата е втор дел, продолжение на „Нефертити“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.










