Кратка содржина
Еви е девојче со мистериозно минато, згрижена во дом за деца со највисок степен на заштита и безбедност. Таа беше откриена пред шест години во тајна соба во куќа со труп во распаѓање на човек прицврстен со каиши за стол, измачуван до смрт.
Девојчето живеело со трупот со месеци: бушаво, дивооко, нескротливо диво суштество. Повеќе животно, отколку човек. Асоцијална и агресивна не дозволуваше никој да ја допре и никому не го откриваше нејзиниот идентитет.
После шест години поминати во најригорозниот дом за деца без родители, кој е под постојан медицински надзор, Еви покренува судска постапка за осамостојување. Но, дали после низа трауматски промени може да живее самостојно? Во меѓувреме, на осамена пешачка патека се случува шокантно убиство на тинејџерка.
Сајрус кој е психолог-форензичар, со минато што крие мрачни тајни, ги лупи слоевите на лагите кои ги обединува една вистина на две девојки – добра и лоша.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.