РЕБЕКА

600,00 ден 390,00 ден

„Иако физички неприсутна, сепак предизвикува бродолом во туѓите животи“.

„Синоќа сонував дека повторно бев во замокот Мандерли…“

Сиромашна девојка која нема семејство и работи за богата госпоѓа, на едно патување во Франција запознава згоден вдовец чиј предлог ќе ја изненади и ќе ѝ го промени животот.

Девојката го прифаќа предлогот и се преселува во замокот Мандрели каде му станува сопруга на вдовецот Максим. Но, споменот на неговата покојна сопруга Ребека постојано го оживува куќната помошничка г-ѓа Денверс поради своја лична причина. Со морничав приказ што ѝ го стега срцето, втората сопруга чекори во сенката на нејзината претходничка: одлучна да ги открие најмрачните тајни и разорни вистини за првата сопруга на Максим – покојната и опседнувачки убава Ребека.

Заразна приказна за една млада жена обземена од љубов и борба да го пронајде својот идентитет.

Ребека ќе живее засекогаш, бидејќи допира еден важен нерв длабоко закопан во потсвеста на читателот.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.