БОЖЕСТВЕНА РУИНА

490 ден

„Одмаздата е храна која се служи ладна“.

„Одмаздата е храна која се служи ладна“.

По смртта на нејзината мајка, Меј живее осамен живот, сè додека во Сан Франциско не ја повика тетката за која не ни знаела дека постои. Таму таа е добредојдена во нивното богато семејство и прифатена во високите општествени кругови.

Меј првично е обземена од раскошот и гламурот на нејзиниот нов дом, но потоа ги чувствува темните мистерии кои демнат во сенките на замокот каде што таа живее: нејзината гламурозна братучетка често исчезнува во текот на ноќта, нејзината тетка живее како сениште кое не може без антидепресиви, а слугинката постојано ѝ навестува дека е во опасност. Заробена во предавство, лудило и алчност, Меј губи сè, вклучително и нејзината слобода од рацете на оние кои најмногу им верува.

Потоа, едно рано утро се случува најголемиот разорен земјотрес во Сан Франциско кој во целост ја менува судбината на Меј. Таа се вљубува во некој кој ќе направи повеќе да не биде ничија жртва, туку лидер… Моќта е во нејзини раце, но дали таа ќе ја искористи да се одмазди на оние кои најмногу им веруваше?

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори