ЛАВИЦАТА ОД МАРОКО

450 ден

Атрактивна, храбра, остроумна… но, сепак немажена.

Атрактивна, храбра, остроумна… но, сепак немажена.

Англија, XIX век. Сибила е богата бунтовна наследничка. Поради нејзината силна волја и прогресивни ставови, таа не може да најде маж што ќе ѝ парира. На дваесет и три години ја третираат како дете и се чувствува задушено во куќата на нејзиниот татко кој ја контролира.

Кога Бенџамин – амбициозен вработен во трговската компанија на нејзиниот татко – покажува интерес за неа, таа сфаќа дека тој ѝ е единствена шанса за бегство и заминува со него во Мароко. Таму Сибила ужива во својата новооткриена слобода, станува успешна во бизнисот и за прв пат се вљубува во харизматичен, убав Французин.

Оваа егзотична сага нè води директно во срцето на Мароко, каде во изобилие има: шафран, портокали, килибар, морско оревче… на отворениот хоризонт кој нуди бескрајни можности, но и значителен број опасности.

Книгата е прв дел од серијалот Die Lowin von Mogador#1, продолжение е Пустинска роза.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.