-
СЛЕДИ МЕ
„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.
Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.
-
ЛИА #3
Најопасната жена убиец сè уште претставува закана, иако е зад решетки во затвор. За неа само небото е граница. Велика Британија предолго живее во страв поради оваа жена.
-
ШТО ЗАБОРАВИ ТАА
Што би правеле доколку го изгубите сеќавањето и не знаете кои сте? Личноста за која мислите дека сте, ви велат дека не сте…
-
ПАЦИЕНТКАТА ШТО МОЛЧЕШЕ
Пациентка, којашто никогаш не прозборела, на својот психијатар го шепнува името на сопругот на нејзината докторка – зошто?
-
-
АНГЕЛОТ НА ГРАДОТ #2
За некого е ангел, а за други ѓавол…
На шест калуѓерки им се дадени шест пиштоли во рацете, секоја од нив има задача да пука во таа наспроти неа, без ниту една од нив да остане жива. Во овој обред е вклучена и калуѓерката која е најдобар фалсификатор на сите времиња – мајката на инспекторот Унаи – Итака.
-
НЕМАМ ТАЈНИ
Џема знае кој е убиецот. Затоа што тој ѝ кажа.
Убиецот мислеше дека неговата тајна е безбедна бидејќи Џема не може да зборува и да се движи, таа има церебрална парализа. Затоа луѓето често ѝ се доверуваат, зашто знаат дека таа никогаш нема да ги открие нивните тајни.
-
ИНСОМНИЈА
Дејзи не може да заспие. Таа бара лек за нејзината несоница, но лекот е нејзиниот најлош кошмар.
Дејзи не спие добро со години. Нејзината хронична несоница влијае на нејзината кариера. Затоа, таа е воодушевена кога ќе биде испратена во луксузна клиника за лекување.
-
СОВРШЕНИОТ БРАК
Дали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
-
ГОСТИН ВО НОЌТА
Напнат клаустофобичен трилер полн со пресврти, кој ќе ве натера да го задржите воздухот што го дишете додека ги вртите страниците.
-
НЕЈЗИНАТА ПЕРФЕКТНА ТАЈНА
Што ако твојот пациент стане вереник на твојата ќерка?
Дали како доктор треба да ја прекршиш Хипократовата заклетва за молчење и да ја изнесеш сета негова траума на виделина?
-
КОГА ЈАС БЕВ ТИ
Откако Бриен едвај преживеа брутален напад, таа не излегува од дома. Страда од неподносливи главоболки и губење на меморијата. Му верува и му се восхитува единствено само на нејзиниот нов станар – доктор Најл.
-
СВЕТЛО ВО ТЕМНИНАТА
Маестрален лирски трилер кој ќе ве води на незапирливо патување низ процепите на човечката психа: помеѓу доброто и злото, темнината и светлината на човечкиот ум.
-
ИЗАБЕЛ #2
Изабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
-
ДОБРА НОЌ УБАВЕЦУ
Психолошки напнат трилер со шокантни пресврти кои ќе ве натераат да посакате да го ѕирнете крајот.
-
НЕ БАРАЈ МЕ
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози километри сè додека ѝ снемува гориво. Кога нејзиниот автомобил застанува, непознат маж со камионет во придружба на мало девојче, кое е копија на нејзината изгубена ќерка, ѝ нуди помош.
-
КРВАВА ВЕНЧАВКА
Софи е млада вдовица која секое утро се буди со солзи во очите и грутка во грлото – прогонувана од визии од минатото и црни дупки во нејзината меморија. Едно кобно утро, под сомнителни околности, беше пронајдено безживотното тело на шестгодишниот Лео, склопчен, со зглобовите врзани за глуждовите и длабок рез околу вратот од врвка на чевлите на Софи. Таа не се ни сеќава како го убила детето на кому му беше дадилка.
-
ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ
Опсесивно-комплусивен трилер кој ќе ве натера да гризете нокти, сè додека не ја завртите последната страница.
-
-