-
ЉУБОВНО ПИСМО ДО ВИСКИ
Тој е жесток како виски, предизвикува зависност и станува мој порок… Виски беше желен да ме изгори, а јас бев очајна да му дозволам.
-
ПРЕБЛИСКУ #2
Што би направиле ако личноста на која никогаш повеќе не треба да ѝ верувате, е токму онаа личност која очајно ви треба?
-
ОВОЈ ЧОВЕК #1
Тој е зависен од адреналин, сака крвта силно да му пумпа во вените… Таа е разочарана од мажите и сака кариера.
-
ВО ПОТРАГА ПО НОЕЛ
Постојат приказни кои се чуваат во кутии со панделки, затворени. Таквите приказни се отвораат еднаш во годината, за Божиќ. Мојата приказна е божиќна приказна. Таа засекогаш го промени начинот на кој го гледам Божиќ.
Додека сите се под божиќна еуфорија, Марк е во депресија. Животот му задава еден удар по друг, сè до една снежна ноќ кога запознава девојка со име Мејси. Таа доаѓа во неговиот живот без некаква најава и го менува засекогаш.
-
ПРЕД ДА СЕ РАЗДЕЛИМЕ
Мет и Грејс се две осамени души, уште од првиот момент кога се сретнаа тие станаа неразделни пријатели. Со текот на времето нивното пријателство прераснува во голема љубов. Двајцата се талентирани и имаат соништа кои сакаа да ги остварат. Но судбината не е милослива кон нив – ја става на тест нивната љубов и доверба, при што патиштата им се разделуваат. Тие си ветија дека ќе бидат во постојан контакт и во најскоро време повторно да се видат.
Никогаш не ги исполнија ветувањата.
-
ПРЕДАЛЕКУ #1
Тој спие со многу девојки, но неа не сака ни да ја допре.
Таа го сака тој што не смее ни да го помисли.
-
ПРЕМНОГУ
Љубовта е чудна. Доаѓа од нигде-никаде. Таа е чиста емоција и страст. Емоцијата и страста може да бидат опасни бидејќи се полни со љубов… и омраза.
-
ДЕСЕТ МАЛИ ВОЗДИШКИ
Во сообраќајна несреќа, Кејси фатално ги загуби своите најблиски. Барајќи начин како да продолжи понатаму, кога целиот нејзин свет се распаѓа и болката ѝ ја пара душата, вложува натчовечки напори да го закопа минатото и да започне одново со камено срце.
Таа и нејзината петнаесетгодишна сестра Ливи, бегаат вооружени со две автобуски карти од местото каде што некогаш живееја, за да започнат нов живот во Мајами – градот на забавите…
-
ШТО ОСТАВИ ЗАД СЕБЕ
1929 година: На осумнаесетгодишна возраст Клара е растргната помеѓу љубовта на нејзиниот живот и нејзините надмоќни родители, кои ѝ договориле брак. Кога таа ќе го послуша срцето, одбивајќи го веќе договорениот брак, нејзиниот татко ја казнува сурово – сместувајќи ја во лудница.
1990 година: Мајката на Изи фатално го застрелува нејзиниот татко додека спие. Изи е уништена од лудоста на сопствената мајка, дури и сега кога има 17 години, да ја посети во затвор…