-
ХИПНОТИЗЕРОТ
Тој им го пере умот на девојките со хипноза.
Тие иако се свесни, не им е грижа.
-
ИРЕНЕ
Гневот е лош советник, кој може да има само еден победник – оној којшто нема што да изгуби.
Командант Верховен живее идиличен живот со неговата прекрасна сопруга Ирене, со која очекуваат дете. Неговата кариера предизвикува публицитет на завидно ниво, сѐ до оној момент кога се појавува брутален сериски убиец…
-
НАЈДИ МЕ
Интригантен психолошки трилер.
Рени е четиригодишно девојче и ќерка на сериски убиец. Нејзиниот татко ја користи како мамка: таа глуми изгубено мало дете намамувајќи ги жените-жртви и водејќи ги директно во смрт. Нејзиниот татко Бенџамин – угледен професор по психологија е прогласен за сериски убиец и осуден на доживотна казна…
-
УБАВИТЕ ДЕВОЈКИ ТАНЦУВААТ
Дали знаењето би било полошо од неизвесноста?
Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците од исчезнувањето за семејството на Келси беа: рингишпил на ужаси кои резултираа со колекција на апчиња во боја на виножито…
-
Совршени остатоци
Луѓето кои почнуваат да трчаат често не можат да запрат, сѐ додека не паднат.
На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби и еден фрагмент од нејзината облека…
-
-
ТАЈНИ ЧУВАНИ ДО ГРОБ
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. Кога Мариса е пронајдена брутално убиена, нејзината четиригодишна ќерка Хејли е потпрена на крвавите гради на нејзината мајка – повредена, но жива.
-
МАЈСКИ РОЗИ
Прија е млада девојка која е мета на сериски убиец – истиот кој ја убил нејзината сестра пред неколку години. По загубата на нејзината сестра, таа се бори со нарушување во исхраната. Нејзината мајка која е нејзина потпора – жена којашто ништо не може да ја скрши, храбро ја води единствената ќерка која ѝ остана низ животот на различни места со надеж за подобра иднина.
-
-
НОЌНИОТ КРАДЕЦ
Кога сите спијат, тој влегува во нивните куќи. Зема само една работа – фотографија од нивното дете. Тој е човек со две лица: за некого ангел, а за други ѓавол.
Интензивен, извртен и зависен трилер, кој не се испушта сè додека не се прочита.
-
СОВРШЕНА ЖРТВА
Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.
-