-
КОДНО ИМЕ ХЕЛЕН
Убава. Храбра. Опасна.
Жена со повеќе имиња. Единствена која знае да кодира пораки и станува најмоќниот лидер во францускиот отпор. Поради нејзината ненадминлива способност, Гестапо нуди пет милиони франци на тој што ќе му ја доведе. Со тоа таа влегува во историјата како легенда.
-
СИРАКОТ ОД ВАРШАВА
Срцепарателна приказна за Елзбиета и опасниот обид на Роман да ја поврати љубовта и животот што некогаш го имале.
-
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
Во 1953 година во Техеран: две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
-
САБИНА
Роман полн со пресврти кој го одзема здивот. Приказна за храброста, страста и предавството, која нè пренесува директно во магичната Фиренца во најинтригантниот период од историјата – враќањето на моќта на Медичи.
-
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МЕ ВИДИШ
Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот.
-
НАДЕЖ ПОМЕЃУ СТРАНИЦИТЕ
Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.
-
ОД СИРАК ДО ЅВЕЗДА
Автобиографски роман за ранливата жена со ледено срце, кој е многу покомлексен од гламурозната божица што ја прикажува екранот.
-
ОСТАНИ
Лукас е четиринаесетгодишно момче кое расте во дисфункционално семејство додека неговиот брат води битка на бојно поле – неговите родители секојдневно војуваат со сопствените демони. Во потрага по мир, Лукас се упатува во шумата.
-
ВЛАДЕТЕЛКА ОД СЕНКА
Иако тој ја имаше најубавата и најмоќна жена, сепак, тој се заљуби во жена чии вештини направија да биде опседнат со неа.
-
ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ЗА КНИГИ И ПИТИ ОД ОСТРОВОТ ГЕРНЗИ
Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и срамежлив читател кој живее на островот Гернзи. И додека таа бара инспирација за пишување, не се ни надева дека ќе ја добие токму од овој мистериозен читател кој не го ни познава.
-
-
НИЕ БЕВМЕ СРЕЌНИТЕ
Извонредна историска драма во која кулминираат различни човечки судбини испреплетени на едно стебло.
-
ВТОРИОТ ЖИВОТ НА МИРИЕЛ ВЕСТ
Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.
-
САШЕНКА
Приказната за Сашенка се крие половина век, сè додека еден историчар не навлезе во приватните архиви на Сталин и ја разоткрие вистината.
-
ГЕРМАНСКАТА ЖЕНА
Срцепарателна приказна за љубовта, семејството и за изборите што луѓето ги прават кога се најслаби. Кели Ример пишува со длабоко сочувство за човечките слабости.
-
ГОЛЕМАТА КРАЛИЦА
Вистинска приказна за животот на една робинка која успева да стане кралица и владее со империја и зошто толку малку луѓе слушнале за неа…
-
ДЕВОЈКАТА СО СЕДУМ ИМИЊА
Вистинска приказна за една храбра и исклучителна жена која успева да помине низ пеколот и назад.
-
ЛЕЈДИ КЕРИ
Фасцинантна и амбициозна, со амбиции кои може да ги контролира, лејди Кери влегува во кралскиот двор и станува шпион на некој што копнее по моќ.
Отворете ја книгата и влезете во фасцинантниот свет на Тудорови.
-
ИНТРИГИ И МОЌ
Таа сакаше да владее…
Родена од кралица на Франција, принцезата Френсис Тудор се надева и сонува да стане кралица на англискиот трон.