-
НАДЕЖ ПОМЕЃУ СТРАНИЦИТЕ
Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.
-
КОДНО ИМЕ ХЕЛЕН
Убава. Храбра. Опасна.
Жена со повеќе имиња. Единствена која знае да кодира пораки и станува најмоќниот лидер во францускиот отпор. Поради нејзината ненадминлива способност, Гестапо нуди пет милиони франци на тој што ќе му ја доведе. Со тоа таа влегува во историјата како легенда.
-
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
Во 1953 година во Техеран: две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
-
НИТУ ЕДНА КАКО НЕА
Најубава меѓу убавите… Опасна и моќна… со нејзиниот стратешки ум создава најголема империја и станува легендарна кралица.
-
ОД СИРАК ДО ЅВЕЗДА
Автобиографски роман за ранливата жена со ледено срце, кој е многу покомлексен од гламурозната божица што ја прикажува екранот.
-
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МЕ ВИДИШ
Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот.
-
-
НИЕ БЕВМЕ СРЕЌНИТЕ
Извонредна историска драма во која кулминираат различни човечки судбини испреплетени на едно стебло.
-
ОСТАНИ
Лукас е четиринаесетгодишно момче кое расте во дисфункционално семејство додека неговиот брат води битка на бојно поле – неговите родители секојдневно војуваат со сопствените демони. Во потрага по мир, Лукас се упатува во шумата.
-
ВТОРИОТ ЖИВОТ НА МИРИЕЛ ВЕСТ
Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.
-
ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ЗА КНИГИ И ПИТИ ОД ОСТРОВОТ ГЕРНЗИ
Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и срамежлив читател кој живее на островот Гернзи. И додека таа бара инспирација за пишување, не се ни надева дека ќе ја добие токму од овој мистериозен читател кој не го ни познава.