-
СУДИР
Тој е секси плејбој кој го одзема здивот, нејзиниот најлош кошмар и највлажен сон. По смртта на нејзината мајка, Емили се сели во Њујорк да започне нов живот.
-
ТАЈНИ ЧУВАНИ ДО ГРОБ
Мариса има минато полно со тајни и сегашност полна со лаги. Сите ја знаат, но никој не ја познава. Кога Мариса е пронајдена брутално убиена, нејзината четиригодишна ќерка Хејли е потпрена на крвавите гради на нејзината мајка – повредена, но жива.
-
-
-
МАЈСКИ РОЗИ
Прија е млада девојка која е мета на сериски убиец – истиот кој ја убил нејзината сестра пред неколку години. По загубата на нејзината сестра, таа се бори со нарушување во исхраната. Нејзината мајка која е нејзина потпора – жена којашто ништо не може да ја скрши, храбро ја води единствената ќерка која ѝ остана низ животот на различни места со надеж за подобра иднина.
-
ЛЕСНА ОДЛУКА
Само тој има начин како да ѝ ја врати самодовербата…
Тој ја гледа, иако не ја познава, сè додека на една случајна средба станува нејзин спасител.
-
ВТОРИОТ ЖИВОТ НА МИРИЕЛ ВЕСТ
Инспирирана од вистинска приказна за храброста, издржливоста и реинвенција во единствената болница за лепрозни. ‘Заразно’ четиво за вториот живот на Мириел кое живописно ја оживува институцијата во Луизијана позната како Карвил, каде што илјадници луѓе се лишени од нивните граѓански права, означени како лепрозни и насилно ставени во карантин во текот на целиот ХХ век.
-
НЕ БАРАЈ МЕ
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози километри сè додека ѝ снемува гориво. Кога нејзиниот автомобил застанува, непознат маж со камионет во придружба на мало девојче, кое е копија на нејзината изгубена ќерка, ѝ нуди помош.
-
ДАВАМ СЀ
Експлозивна приказна за двајца вљубени кои ќе се предадат на љубовта толку голема што може да ги излечи лузните од минатото и да отстапи место за живот во чиста, воодушевувачка екстаза.
-
ПЕКОЛОТ НА ГАБРИЕЛ
Тој е млад, арогантен и пеколно жежок професор на универзитет, кој не може да биде со жена повеќе од една вечер. Таа е негова студентка која неговото ледено срце ќе го стопи.
-
-
ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ЗА КНИГИ И ПИТИ ОД ОСТРОВОТ ГЕРНЗИ
Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и срамежлив читател кој живее на островот Гернзи. И додека таа бара инспирација за пишување, не се ни надева дека ќе ја добие токму од овој мистериозен читател кој не го ни познава.
-
ХЕДОНИСТИ
„Знаеш ли да чуваш тајна?” Љубовта ми предизвика зависност до точка на лудило. Јас правев работи што никогаш не би ги правела. Целосно се предадов на секое ново искушение.
-
НОЌНИОТ КРАДЕЦ
Кога сите спијат, тој влегува во нивните куќи. Зема само една работа – фотографија од нивното дете. Тој е човек со две лица: за некого ангел, а за други ѓавол.
Интензивен, извртен и зависен трилер, кој не се испушта сè додека не се прочита.
-
-
СВЕТЛО ВО ТЕМНИНАТА
Маестрален лирски трилер кој ќе ве води на незапирливо патување низ процепите на човечката психа: помеѓу доброто и злото, темнината и светлината на човечкиот ум.
-
ДА БИДАМ СВОЈА
Професорката Сара колку подлабоко ги открива еротските тајни на мистериозната жена Ребека, толку повеќе е воодушевена од страста на човекот кој ја завел.
-
СЛИЧНАТА
Интензивен психолошки трилер кој не познава граници помеѓу вистината и лагата – реалноста и заблудата.
-
-
ЛЕЧЕЊЕ НА ТРАУМА
Книга од круцијално значење за психијатри и за сите оние кои се обидуваат да го разберат, спречат или лекуваат огромното страдање – предизвикано од траумата.