-
-
ТИ ПРИПАЃАМ ТЕБЕ #5
490 ден„Никогаш не мислев дека ќе станам покорен маж, но ти ме промени”.
Ребека ја разголе душата, откривајќи ја својата опсесија за човек чии еротски барања ја разгоруваат нејзината имагинација за страст и ја водат кон пропаст. Сега, со оглед на тоа што Ребека повеќе не е во неговиот живот, тој е изгубен, преиспитувајќи се каде погреши и како може човек како него да дозволи жена да го уништи.
-
ЦЕЛОСНО ТВОЈА #6
450 денТој е богат и славен, неговото минато е мрачно, но исто и моето. Дали може да се спасиме еден со друг? Или темнината ќе нè распарчи?
-
ЖЕНИТЕ СО СВИЛА #1
520 денЗошто една млада жена прави церемонијален обред, поради тоа што нема да се мажи?
-
НЕВИДЛИВА НИШКА #2
520 денЗошто немажена жена се смета полоша и од болест?
На дваесет и седумгодишна возраст Пеи бега од фабриката за свила, каде што работи од својата осумгодишна возраст. Таа со себе ја зема и Џи Шен – сираче кое остана без родители.
-
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА #1
520 денИзабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“, каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена – покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.
-
ИЗАБЕЛ #2
490 денИзабел ќе ве води низ најтемните патишта во лавиринтот на човечкиот ум, сè додека не го пронајдете излезот.
-
ЛИА #3
520 денНајопасната жена убиец сè уште претставува закана, иако е зад решетки во затвор. За неа само небото е граница. Велика Британија предолго живее во страв поради оваа жена.
-
ОЧИТЕ НА АМИРА
490 денУбава, интелигентна, богата, а сепак несреќна.
Амира е Арапка која живее во Чиле. Таа може да има сè, освен оној кој го сака, бидејќи ѝ е забранет. Нејзиниот татко принудно ја мажи за маж кој е постар од неа триесет години, некој кој е уште побогат од Амира.
-
-
БОЖИЌНИОТ БЛАГОСЛОВ #2
450 денБожиќ е магичен, тогаш се случуваат чуда…
Откако мајката на Нејтан почина од рак, единствената желба на Нејтан е да стане доктор.
-
БОЖИЌНАТА НАДЕЖ #3
450 денНајдобриот подарок кој може некому да го подариме е времето.
На Патриша и Марк бракот им се распаѓа. Тие одамна се откажаа од надежта дека некогаш ќе бидат среќни и дека ќе поминат Божиќ за паметење. Но, работата на Патриша како социјален работник ја води до едно мало прекрасно дете. Таа од очај не размислува рационално и ги прекршува правилата, па го носи детето во својот дом.
И Божиќ повторно станува време за радост… Патриша успева да го задржи својот сопруг и да ја обнови љубовта што некогаш цветаше.
-
БОЖИЌНОТО ВЕТУВАЊЕ #4
450 ден„Секој Божиќ си даваме ветување еден на друг…”
Секој Божиќ Глорија става картичка во плик под елката, повторувајќи го истото ветување што му го даде на својот сопруг. Нејзиниот живот се заснова грижејќи се за луѓето и тоа најмногу ја исполнува.
-
БОЖИЌНАТА ТАЈНА #5
450 денКога една млада самохрана мајка го спасува животот на постара жена, таа се соочува со низа настани што ќе ѝ ја тестираат нејзината сила, лојалност и самодоверба, а воедно пронаоѓа и вистинска љубов.
-
-
ПАЦИЕНТКАТА ШТО МОЛЧЕШЕ
480 денПациентка, којашто никогаш не прозборела, на својот психијатар го шепнува името на сопругот на нејзината докторка – зошто?
-
-
ПОВРЗАНОСТА НА КАЛИ И КАЈДЕН #1
520 денСите жени го гледаат Кајден како плејбој, но тој страда во тишина.
Една ноќ кога мисли дека повеќе не може да издржи, се појавува Кали и му го спасува животот. Но, Кали не верува во среќа. Откако ѝ се случи немил настан, таа се повлече во себе и си вети дека никому нема да ја открие тајната што ја измачува.
-
ИСКУПУВАЊЕТО НА КАЛИ И КАЈДЕН #2
520 денИ двајцата се скршени и двајцата имаат трауматично минато. Кога се одделени, нивниот живот е во хаос, но кога се заедно…, заедно се совршени. Цели. Совршени еден за друг.
-
СЛЕДИ МЕ
520 ден„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.
Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.




















