-
СЕСТРА
Психолошки трилер за две сестри, две испреплетени ДНК клетки – поврзани со невидливи нишки и за најсовремените микроскопи.
-
АКО ПРОЗБОРИШ
Вистинска приказна за три сестри, Ники, Сами и Тори.
По повеќе од една деценија го слушнаа зборот Мајка – канџи што гребат во стари рани, отворајќи спомени и тајни од детството. Со години зад затворени врати на нивната фарма, нивната садистичка мајка Шели ги подложуваше своите девојчиња на физичка тортура, деградација и психолошки ужаси…
-
КРВАВА ВЕНЧАВКА
Софи е млада вдовица која секое утро се буди со солзи во очите и грутка во грлото – прогонувана од визии од минатото и црни дупки во нејзината меморија. Едно кобно утро, под сомнителни околности, беше пронајдено безживотното тело на шестгодишниот Лео, склопчен, со зглобовите врзани за глуждовите и длабок рез околу вратот од врвка на чевлите на Софи. Таа не се ни сеќава како го убила детето на кому му беше дадилка.
-
ИРЕНЕ
Гневот е лош советник, кој може да има само еден победник – оној којшто нема што да изгуби.
Командант Верховен живее идиличен живот со неговата прекрасна сопруга Ирене, со која очекуваат дете. Неговата кариера предизвикува публицитет на завидно ниво, сѐ до оној момент кога се појавува брутален сериски убиец…
-
НАЈДИ МЕ
Интригантен психолошки трилер.
Рени е четиригодишно девојче и ќерка на сериски убиец. Нејзиниот татко ја користи како мамка: таа глуми изгубено мало дете намамувајќи ги жените-жртви и водејќи ги директно во смрт. Нејзиниот татко Бенџамин – угледен професор по психологија е прогласен за сериски убиец и осуден на доживотна казна…
-
ДОБРА ЛОША ДЕВОЈКА
Таа знае кога некој лаже или ја кажува вистината. Тој е психолог со минато што крие мачни тајни.
Во потрага е по една вистина што обединува – добра или лоша? -
-
ЌЕРКИТЕ НА ЗМЕЈОТ
Таа беше најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од многуте жени кои беа принудени од страна на Царската јапонска армија да бидат ‘жени за утеха’, кои служеа за подигање на моралот на јапонските војници.
-
ТИВКАТА ДАМА
Во позната лондонска канцеларија на угледен адвокат влезе жена во скапа, но многу извалкана облека што виси на нејзиното изнемоштено тело. Таа изгледа како да има потешкотии да зборува. Персоналот во канцеларијата мисли дека станува збор за скитничка која спие по улици.
-
НИТУ ЕДНА КАКО НЕА
Најубава меѓу убавите… Опасна и моќна… со нејзиниот стратешки ум создава најголема империја и станува легендарна кралица.
-
ОВОЈ ЧОВЕК – КАЗНА
Еротска романса за страста и љубовта, болката и лузните на душата. Приказна која опседнува и создава зависност.
-
ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ
Само еден ги знае одговорите, тој што молчи.
Малото момче Ајден залута далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка Ема беспомошно гледаше кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не беше пронајдено…
-
-
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ
Срцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година за време на Втората Светска војна, во Полска, Томаш ја запроси Алина. Од тогаш таа го мереше времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираа местото, тие наоѓаа нови длабочини на суровост…
-
КЛУЧОТ НА САРА
Екранизирана сторија за животот на две семејства поврзани со една тајна.
Париз, 1942 година
Сара, десетгодишна Еврејка е брутално упасена од француската полиција, заедно со нејзината мајка и татко…
-
ПРВАТА ЖЕНА ФАРАОН
Историска сага за младата жена која го презеде престолот на Египет и ја совлада војната која како средство за војување ја користеше интелигенцијата и убавината. Својот живот го живееше по свој критериум и владееше со империјата како првата жена фараон во историјата.
-
-
СОВРШЕНИОТ БРАК
Дали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
-
-
УБАВИНА ОД ЉУБОВ
Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени кои го посакуваат?