-
ЛАВИЦИТЕ ОД ТЕХЕРАН
Оние што те сакаат најмногу и оние на кои најмногу им веруваш, може да ти го уништат животот.
Иран, земја каде што законот наложува деветгодишни девојчиња да можат да стапат во брак, каде што по улици шета полиција за морал и казнува жени за несоодветно носење на хиџаб со тепање и затвор… Две жени лавици се борат за женските права.
-
ПРОДАВНИЦАТА ЗА СУВЕНИРИ ВО ТЕХЕРАН
1953 година во Техеран, две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири.
Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум.
-
ЗАСПАНАТА КУКЛА
Три невини жени се спремни сè да направат за убиец. Дали тие се заблудени или изопачени?
Даниел е убиец кој од жените прави кукли. Ништо не го прави посреќен од тоа да трансформира некој во суштество кое самиот ќе го обликува. Жените за него се спремни да прават работи коишто ни самите не можат да ги замислат. Луѓето за него прават сè што тој ќе посака… Тој зрачи со таква харизма што привлекува сè поголема група фанатици кои му се восхитуваат, нарекувајќи ги ‘семејство’, и има целосна контрола врз нив…
-
СЀ ДОДЕКА РАСТАТ ЛИМОНОВИТЕ ДРВЈА
„Сè додека растат лимоновите дрвја, надежта никогаш нема да умре.”
Сирија. Салама која работи во болница како хирург и спасува многу животи секој ден, се бори со совеста што ја измачува. Принудена да порасне прерано поради околности кои се надвор од нејзина контрола, таа се соочува со дилема дали да ја напушти својата сакана татковината или да остане дома.
-
ТИВОК КРИК
Може ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив. Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема – емоции.
-
КРВТА НА ЦВЕЌИЊАТА
Во традиционална земја каде што бракот од неколку месеци е легален и може да се обновува, една млада жена добива понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци. Дали може да го продолжи?
-
НАЈСВЕТЛАТА ЅВЕЗДА #1
Кога некоја личност ја сакаш, а не знаеш зошто, тоа е љубов.
На Отам ѝ е уништен животот, нејзиниот дечко ја изневери… Таа си вети дека никогаш повеќе нема да го довери срцето на друг, сè додека не го сретна неодоливиот Конор.
-
УБАВИ СРЦА #2
Никогаш повеќе нема да дозволам моето срце да стане играчка на некој друг. Никогаш повеќе нема да дозволам маж да застане помеѓу мене и моите цели. Никогаш повеќе нема да сакам без да добијам љубов за возврат. Ќе ја барам вистинската љубов, па ако треба и целиот мој живот за да ја пронајдам.
-
КЛЕОПАТРА
Клеопатра, македонската кралица која не само што го промени Египет, туку го промени и светот.
Клеопатра се капе во млеко и пие вино од златни пехари… За неа кралскиот живот е само едно театарско шоу: кој најдобро глуми, нему му веруваат. Но, таа и без да глуми ги освојува сите – луѓето ја обожаваат како бог.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ТИГАР
Жените што ги регрутираат се високообучени како да заведат и да извлечат тајни.
Сингапур. Една убава и неидентификувана Јапонка е пронајдена мртва на брегот покрај морето. Грлото ѝ е расечено, а нема ни капка крв. Форензичар тврди дека се работи за самоубиство. Како е можно тоа?
Инспекторот Максимо Бетанкур e ангажиран да го истражува необичното самоубиство. По исчезнувањето на неговата сопруга, неговиот живот и неговата кариера се распаднаа. Колку е тој способен да истражува комплициран случај?
-
ШТО ЗАБОРАВИ ТАА
Што би правеле доколку го изгубите сеќавањето и не знаете кои сте? Личноста за која мислите дека сте, ви велат дека не сте…
-
ЉУБОВНИЦАТА НА КРАЛОТ
Зошто еден крал повеќе ја сака неговата љубовница, отколку својата кралица?
Вратите се отвораат, стражарите се повлекуваат, дворјаните паѓаат како покосено класје. Жените, иако ја мразат, ги спуштаат главите и тивко се поклонуваат пред нејзините нозе. Мажите ја посакуваат, но само еден може да ја има – оној кој ѝ даде моќ – кралот Хенри Тудор.
-
ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ
Малото момче Ајден залутува далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун. Оттогаш не се врати.
Неговата мајка, Ема, беспомошно гледа кон црвеното палто на нејзиниот шестгодишен син како плови по реката Ус. Неговото тело никогаш не е пронајдено.
-
ВЛАДЕЈ СО СВОЈОТ УМ
Не дозволувајте стравот да ве спречи да напредувате. Кога ќе соберете храброст да продолжите понатаму, стравот полека ќе исчезне. Клучот за вашата сопствена среќа лежи во вас, а не во рацете на другите.
Здравје, мирен сон, љубов… Овие работи не можат да се купат, туку треба да се заслужат.
-
МОНАХОТ КОЈ СЕ ОТКАЖА ОД СВОИТЕ МИЛИОНИ
Вистинска приказна за монахот кој се откажа од своите милиони.
-
ТРЕНИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ УМ ЗА ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ: Привлечете и добијте сè што сакате во животот
Ако вашите цели ви изгледаат недостижни, тогаш оваа книга е за вас. Таа ќе ви помогне да заборавите на минатото и да се фокусирате на вашите цели.
-
НАЈПОСАКУВАНАТА ГЕЈША
Вистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.
Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа. Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми. Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.
-
ГОРЧЛИВ ПРЕВЕЗ
Ана е Американка која се заљубува во богато и надежно момче, Нури, со потекло од Иран.
За кратко време, Нури ѝ нуди брак на Ана и ја води во Иран. Иако на почеток таа е исплашена на што сè може да наиде, подоцна е фасцинирана од богатото семејството на Нури и убавините на Иран: егзотични мириси и зачинета храна со неодоливи вкусови во високите кругови…
-
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ #1
Срцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година, за време на Втората светска војна, во Полска, Томаш ја запросува Алина. Оттогаш таа го мери времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираат местото, тие наоѓаат нови длабочини на суровост. Нејзе ѝ преостанува само да го мери просторот помеѓу очајот и надежта за животот на нејзиниот сакан – Томаш.
-
СИРАКОТ ОД ВАРШАВА #2
Срцепарателна приказна за Елзбиета и опасниот обид на Роман да ја поврати љубовта и животот што некогаш го имале.