-
ТИВОК КРИК
Може ли некој што нема чувства да биде човек?
Сериски убиец кој не убива од омраза, туку од потреба да се почувствува жив. Убиствата не се негова цел, туку пат до нешто што другите го имаат, а тој го нема – емоции.
550 ден299 ден -
ВЛАДЕЈ СО СВОЈОТ УМ
Не дозволувајте стравот да ве спречи да напредувате. Кога ќе соберете храброст да продолжите понатаму, стравот полека ќе исчезне. Клучот за вашата сопствена среќа лежи во вас, а не во рацете на другите.
Здравје, мирен сон, љубов… Овие работи не можат да се купат, туку треба да се заслужат.
450 ден199 ден -
УБАВИ СРЦА #2
Никогаш повеќе нема да дозволам моето срце да стане играчка на некој друг. Никогаш повеќе нема да дозволам маж да застане помеѓу мене и моите цели. Никогаш повеќе нема да сакам без да добијам љубов за возврат. Ќе ја барам вистинската љубов, па ако треба и целиот мој живот за да ја пронајдам.
520 ден249 ден -
КРВТА НА ЦВЕЌИЊАТА
Во традиционална земја каде што бракот од неколку месеци е легален и може да се обновува, една млада жена добива понуда за привремен брак кој ќе трае само три месеци. Дали може да го продолжи?
520 ден249 ден -
МАЛАТА ПАЦИЕНТКА #1
Изабел е пациентка сместена помеѓу ѕидовите на високобезбедносниот психијатриски центар за деца „Кромонт“, каде што не постојат граници помеѓу реалноста и имагинацијата. Пред седум години пронајдено е безживотното тело на шестгодишната Мејси со изгравиран симбол на грбот. Телото е пронајдено во непосредна близина на семејната куќа на Изабел, во езерцето за патки. На тоа кобно место Изабел е затечена – покриена со крвта на Мејси и осудена за убиство, а казната ја издржува во најригорозната психијатриска установа под надзор на медицинската сестра Лиа.
480 ден199 ден -
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ТИГАР
Жените што ги регрутираат се високообучени како да заведат и да извлечат тајни.
Сингапур. Една убава и неидентификувана Јапонка е пронајдена мртва на брегот покрај морето. Грлото ѝ е расечено, а нема ни капка крв. Форензичар тврди дека се работи за самоубиство. Како е можно тоа?
Инспекторот Максимо Бетанкур e ангажиран да го истражува необичното самоубиство. По исчезнувањето на неговата сопруга, неговиот живот и неговата кариера се распаднаа. Колку е тој способен да истражува комплициран случај?
490 ден199 ден -
РАБОТИТЕ ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ КАЖЕМЕ #1
Срцепарателна сага за една голема љубов која го пара срцето и повторно го шие.
Во 1942 година, за време на Втората светска војна, во Полска, Томаш ја запросува Алина. Оттогаш таа го мери времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираат местото, тие наоѓаат нови длабочини на суровост. Нејзе ѝ преостанува само да го мери просторот помеѓу очајот и надежта за животот на нејзиниот сакан – Томаш.
550 ден249 ден -
КЛЕОПАТРА
Клеопатра, македонската кралица која не само што го промени Египет, туку го промени и светот.
Клеопатра се капе во млеко и пие вино од златни пехари… За неа кралскиот живот е само едно театарско шоу: кој најдобро глуми, нему му веруваат. Но, таа и без да глуми ги освојува сите – луѓето ја обожаваат како бог.
550 ден249 ден -
НАЈСВЕТЛАТА ЅВЕЗДА #1
Кога некоја личност ја сакаш, а не знаеш зошто, тоа е љубов.
На Отам ѝ е уништен животот, нејзиниот дечко ја изневери… Таа си вети дека никогаш повеќе нема да го довери срцето на друг, сè додека не го сретна неодоливиот Конор.
520 ден249 ден -
НАЈПОСАКУВАНАТА ГЕЈША
Вистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.
Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа. Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми. Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.
490 ден199 ден -
ЦИГАНСКАТА НЕВЕСТА
Убиец кој убива невести со црви, тој смета дека убавината не е дар, туку божја казна…
Во Мадрид се случува невообичаено, ритуално убиство со црви. Убиена е преубава, високообразована и многу богата полуциганка – невеста. Нејзината убавина е толку занесна што го предизвикува убиецот да набави црви…
550 ден249 ден -
НЕВИДЛИВА НИШКА #2
Зошто немажена жена се смета полоша и од болест?
На дваесет и седумгодишна возраст Пеи бега од фабриката за свила, каде што работи од својата осумгодишна возраст. Таа со себе ја зема и Џи Шен – сираче кое остана без родители.
490 ден199 ден -
ВОСКРЕСЕНИЕТО #3
Британецот повторно се жени…
Кога Дени Блек ја зеде убавата љубовница на непријателот, тој никогаш не помисли за последиците… Роуз го турка Дени на работ на лудило со нејзиниот непробоен штит и бунтовна природа. Дени мора да се потсетува дека таа е мамка, но и решение за секој негов проблем. Но, сепак, таа предизвикува моќни чувства кај Дени.
Најопасната игра ќе се игра.
690 ден299 ден -
ИСКУПУВАЊЕТО НА ГАБРИЕЛ #3
Пожртвуваност, посветеност, простување и љубов… Професорот Габриел ја напуштa својата позиција на универзитетот во Торонто за да започне нов живот со неговата сакана Џулија. Tој е убеден дека заедно со неговата сакана можат да се соочат со секој предизвик. И тој сака да стане татко.
690 ден299 ден -
ЉУБОВНИЦАТА НА КРАЛОТ
Зошто еден крал повеќе ја сака неговата љубовница, отколку својата кралица?
Вратите се отвораат, стражарите се повлекуваат, дворјаните паѓаат како покосено класје. Жените, иако ја мразат, ги спуштаат главите и тивко се поклонуваат пред нејзините нозе. Мажите ја посакуваат, но само еден може да ја има – оној кој ѝ даде моќ – кралот Хенри Тудор.
490 ден249 ден -
БОЖИЌНИОТ БЛАГОСЛОВ #2
Божиќ е магичен, тогаш се случуваат чуда…
Откако мајката на Нејтан почина од рак, единствената желба на Нејтан е да стане доктор.
450 ден199 ден -
СЛЕДИ МЕ
„Биди добра пациентка сè додека не те пуштат надвор”.
Прогонувана од гласови и заблуди целиот свој живот, Лена копнее да биде ослободена од психијатриската клиника каде што е долгогодишна пациентка.
480 ден199 ден -
-
УТРАТА ВО ЏЕНИН
Ја нарекуваа „Ледена кралица” бидејќи нејзиното ледено срце го помешаа со ароганција…
490 ден199 ден -
ОКО за ОКО #1
Терапевт откако го сослушува својот пациент и тој станува пациент…
Кога првпат ја запознав Сузи, изгледаше како нормална, среќно мажена жена која се справува со трагедија. Потоа, ги открив нејзините тајни. Иако сакав да не ја осудувам, сепак не можев.
490 ден