-
ТАЈНИТЕ НА ФРАНЦУСКАТА РИВИЕРА
299 денТаа побегна од него, но тој ѝ остави јахта со нејзиното име…
Агнес се враќа во Кан, иако не сака да го оживее минатото. На пристаништето ја пречекува нешто што не може да го замисли ни во најлудите фантазии – јахта со нејзиното име. Закотвена во времето што одамна го напушти. А сепак, таа е жива. Плови и ја чека.
Но, јахтата не е само подарок, таа е порака од мажот од кого побегна.
520 ден -
ПРЕКРАСНАТА ИТАЛИЈА
299 денОтиде во Сардинија за да заборави еден маж, но сретна друг што ѝ го промени целиот свет.
Лола бега од токсична врска и сака нов почеток далеку од мажот кој ја гуши. Под жешкото медитеранско сонце, на раскошна свадба исполнета со шампањ, луксуз и тајни, таа го запознава Рис – маж кој мисли дека никогаш не би бил со неа.
Само една авантура. Само неколку дена. Без чувства.
520 ден -
МАНИПУЛАТИВНИ ИГРИ
349 денНајопасно место не е нејзината ординација, туку нејзиниот ум.
Докторка психијатар лесно навлегува во умот на пациентите, длабоко до нивните најскриени мисли и ги обликува како што таа сака.
Дури и најтврдокорните попуштаат. Чекор по чекор, ги носи до работ на бездна и потоа ги турка.
590 ден -
ЕДНО ЛЕТО ВО ГРЦИЈА #1
249 денСонце, коктели и љубов што не знае да остане во минатото.
Џина Бенет живее совршен живот само однадвор. Однатре таа чувствува празнина што повеќе не може да ја игнорира. По уште едно разочарување од сопругот, таа прави храбар чекор – заминува. Без план. Без правила. Само со желба повторно да се почувствува жива.
На грчки остров ноќите брзо ѝ преминуваат во нови утра. Нови пријателки, гласна смеа и коктели што го бришат чувството на вина.
490 ден -
РОДЕНДЕН ВО ЊУЈОРК #2
249 денДиди решава својот роденден да го прослави со стил и ги носи своите најблиски пријателки во Њујорк – градот на соништата, каде што сè изгледа возможно.
Тие се сместуваат во куќа покрај плажа, како излезена од разгледница. Поминуваат блескави вечери со коктели и разговори што траат до зори. Старите спомени повторно ѝ оживуваат на Диди и нови искри што не ги предвиде.
490 ден -
ЕДЕН НЕВЕРОЈАТЕН ОДМОР НА МАЛДИВИ
349 денПриказна за нов почеток, неочекувана љубов и храброст да го промениш животот, дури и кога тоа значи да почнеш од нула. На пуст остров.
550 ден -
ХИРУРГОТ
349 денБезмилосна љубовница која не бара љубов, туку моќ над нечиј живот. Тајна која уништува сè што навидум изгледа совршено.
Пред мојот свет да се распадне, имав сè: кариера за која отсекогаш сонував, дом во кој наоѓав мир, прекрасен сопруг, згоден, посветен, градоначалник со сини очи кои секогаш влеваат чувство на сигурност…
550 ден -
НЕКОГАШ ВО ВЕНЕЦИЈА
349 денМоже ли еден магичен град да ја промени судбината или само љубовниот статус?
Добредојдовте во Венеција – градот на љубовта, каде тајните шепотат зад маските.
550 ден -
СОВРШЕНИОТ БРАК #1
299 денДали би го одбраниле вашиот сопруг доколку биде обвинет за убиство на неговата љубовница?
550 ден -
СОВРШЕНИОТ РАЗВОД #2
349 денСовршен брак или совршена лага…
Сара конечно го пронаоѓа тоа што го сака: нов сопруг, нова кариера и мир. Но, во нејзиниот свет, мирот е само затишје пред бура.
Кога таа открива дека сопругот Боб ја изневерува, Сара не паѓа во очај, туку планира одмазда. Разводот за неа е бизнис и таа секогаш победува. И токму кога мисли дека ја постигнува целта, играта станува заплеткана – љубовница на Боб исчезнува.
550 ден -
ОД КАЛ ДО ЛОТОС
249 денОслободи се од минатото и пронајди го својот мир.
Кога животот ти носи само болка, имаш две опции: да останеш таму каде што си или да се издигнеш.
Овој водич за трансформација ќе ти помогне да ја претвориш болката во сила, стравот во храброст и сомнежот во верба во себе. Преку моќни пораки и практични насоки, ќе научиш како да се ослободиш од товарот на минатото, да ја вратиш самодовербата и повторно да застанеш цврсто на своите нозе. Ќе откриеш како да го извлечеш најдоброто од себе – дури и кога мислиш дека го нема.
480 ден -
ЉУБОВ ВО ПРОВАНСА #1
299 денТаа оди во магична земја со надеж за нов почеток, но не ни сонува дека токму таму ќе ја најде љубовта.
Ели привремено отпатува во магичната Прованса, каде мирисот на лаванда е опоен и тишината дава спокојство, во куќа којашто ја наследи. Набрзо куќата ѝ станува нејзино прибежиште и нејзин предизвик. Но, кога таа го запознава таинствениот доктор Жилиен, во неа повторно се будат чувства што таа мисли дека засекогаш ги изгубила. И кога двајцата не можат да ги контролираат емоциите, таа мора да одлучи – дали ова е само привремено бегство… или љубов за која вреди да остане? Затоа што некои места не се само дом, туку судбина.
490 ден -
ЖИВОТ ВО ПРОВАНСА #2
299 денСредба што започнува како магија и се претвора во приказна што менува сè.
Лора отсекогаш живее по правила. Принципи, планови, самоконтрола… Сè додека едно лето во Прованса не го запознае Ноа – шармантен, непредвидлив и неодолив.
520 ден -
МАГИЧНАТА ПРОВАНСА #3
299 денПонекогаш, соочувањето со стравовите може да биде почеток на нешто прекрасно…
Фиона со години бега од своето минато. Кога конечно одлучува да ја преземе контролата врз сопствениот живот, заминува во магичната Прованса – место каде што мирисот на лаванда ветува нов почеток. Во старата „Куќичка”, заедно со своите сестри, Фи почнува да заздравува и да верува.
520 ден -
ПОКАНАТА #1
399 денТаа го посакува повеќе отколку што сака да признае. Тој ја посакува повеќе отколку што мисли дека може да издржи…
Амелија е амбициозна жена со големи соништа и уште поголема тврдоглавост – по напорната работа таа сака да се одмори и оди во ултра луксузен хотел. Таму го запознава неодоливиот милионер, Џуд, сопственик на хотелот.
590 ден -
ПРЕДАВАЊЕТО #2
399 денПредавањето не е слабост, туку избор…
Повредена и скршена, Амелија се обидува да продолжи понатаму… сè додека не се појави повторно Џуд во нејзиниот живот. Тој е богат, неодоливо привлечен и непредвидлив.
590 ден -
НЕФЕРТИТИ #1
299 денНефертити не е како другите жени, таа е посебна. Иако нема кралска крв, престолот ѝ е загарантиран…
Таа уште како мала покажува интерес за пишување и наука, но бидејќи во нејзино време е забрането жените да пишуваат и да го надградуваат своето знаење, таа започнува тајно да учи.
Веста за нејзината впечатлива убавина, мудрост и интелигенција го привлекува вниманието на манипулативната и најмоќна кралица Тије, која е господарка на заговорите и интригите и најсакана жена на фараонот. Таа наредува Нефертити да живее во кралството на фараонот, бидејќи има планови за неа.
550 ден -
КРАЛИЦАТА НЕФЕРТИТИ #2
299 денТаа не е само сопруга на владетелот, туку сила што ги поместува границите на моќ.
Секоја одлука на Нефертити ја приближува до сè поголема моќ, но и до нови непријателства. Таа ја користи својата остроумност и шарм и влијае врз одлуки коишто го менуваат Египет. Но, колку повеќе расте нејзината моќ, толку повеќе се зголемуваат и непријателите околу неа…
550 ден -
СИТЕ ОПАСНИ РАБОТИ
299 денСите опасни работи почнуваат од умот.
Изабел не спие веќе една година – откако нејзиниот свет се сруши. Кога минатото полека испливува на површина, а вистината ѝ станува сè позамаглена, таа почнува да се сомнева во сите, дури и во себе.
550 ден -
БУНТОВНИЧКА
299 денТаа не сака да е ничиј украс, туку оган што не се гаси – жена што никогаш не се заборава.
Переле е млада Еврејка која живее во строго традиционално семејство, каде верата се сака повеќе од сè, дури и од сопствените деца. Кога таа полни осумнаесет години, нејзините родители ѝ наоѓаат маж што таа не го сака – човек кој ѝ го прави животот неподнослив.
550 ден




















