Дејзи не може да заспие. Таа бара лек за нејзината несоница, но лекот е нејзиниот најлош кошмар.
Дејзи не спие добро со години. Нејзината хронична несоница влијае на нејзината кариера. Затоа, таа е воодушевена кога ќе биде испратена во луксузна клиника за лекување.
На почетокот клиниката ѝ изгледа совршена: покрај море, кралски апартмани и тим професионалци. Сопственичката на клиниката, Ејмити, и главна терапевтка е сигурна дека може да ја излечи несоницата на Дејзи. Но, за да ја излечи таа треба да користи хипноза. А тоа не е добро, затоа што Дејзи има ужасна тајна.
Како што Ејмити ѝ навлегува сè подлабоко во психата, Дејзи се чувствува сè поранливо. Таа почнува да мисли дека има нешто во врска со клиниката. Дали нејзината несоница ја прави параноична или Ејмити е злобна?
Плашејќи се дека минатото ќе излезе на виделина, Дејзи се прашува дали треба само да замине. Но, тоа не е толку лесно бидејќи оваа клиника којашто требаше да ја излечи, стана најстрашното место каде што некогаш била.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.