„Љубовта ми навлезе во пукнатините на моето скршено срце, не знам дали ќе ми предизвика болка или ќе ме излекува”.
Откако срцето на Кејси се скрши, таа мислеше дека никогаш повеќе нема да се заљуби. И кога целиот нејзин живот се руши, таа се бори да започне нов живот и да го исполни ветувањето коешто му го даде на Џона. Кога едвај смогнува сили и се посветува на кариерата, нејзиниот живот драстично се менува.
Тео има тајна што гори во неговото срце. Тој се плаши дека ако го следи своето срце, ќе го уништи. Тео и Кејси здружени од нивната болка, си помагаат еден на друг. Заедно од длабочините на тагата и вината тие учат повторно да се смеат, повторно да веруваат, и сосема веројатно ќе најдат нешто убаво среде скршените парчиња од нивните срца.
Книгата е продолжение на „Стаклено срце“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.