Таа беше најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од многуте жени кои беа принудени од страна на Царската јапонска армија да бидат жени за утеха, кои служеа за подигање на моралот на јапонските војници.
Кога дваесетгодишната Ана патува од Америка во сиропиталиште во Кореја за да ја открие нејзината биолошка мајка, таа е уништена кога дознава дека мајка ѝ е мртва. И кога само помислува дека нејзинoто минато останува енигма, една старица ѝ дава ткаенина во која има антички артефакт – чешел изгравиран со двоглав змеј и адреса каде што ќе може да се сретнат. Адресата ја води Ана во сиромашен јужнокорејски кварт, во домот на старицата Хонг Џае-Хи. Старицата ѝ раскажува една епска приказна која започнува со јапонската окупација на Кореја и Кина за време на Втората светска војна, кога повеќе од двесте илјади Корејки биле принудени да им служат на војниците како жени за утеха. Војниците прво им го уништуваат умот, па душата за на крај повеќе да не им биде важно на жените дали ќе бидат убиени. Хонг Џае-Хи толку добро ја ткае приказната – таа била една од тие жени: најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од највисоките чинови…
Како што се развива приказната, Ана открива дека скапоцениот чешел со двоглав змеј од слонова коска преминувал низ генерации жени во нејзиното семејство. И како што потеклото на чешелот ја обелоденува вистината за нејзините корени, Ана сфаќа дека и покрај чешелот наследува храброст, љубов и триумф каков што не би имала ни во најлудата имагинација.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.