Зошто една млада жена прави церемонијален обред, поради тоа што нема да се мажи?
На осумгодишна возраст родители на Пеи ја носат кај гатачка, која ѝ предвидува дека сите мажи ќе ја посакуваат, но таа нема да се омажи. Слушајќи ја гатачката, таткото на Пеи ја остава кај жена која сите ја нарекуваат тетка Ји. Таа жена ги има вложено сите свои пари да згрижи што повеќе девојчиња и да им помогне да го пронајдат патот до среќата.
Енергијата, интелектот и љубопитноста на Пеи се токму особините што ѝ овозможуваат да напредува во животот и таа лесно се издигнува меѓу рангот. Таму запознава уште една жена која ѝ помага и станува нејзино семејство.
Пријателството на двете жени се продлабочува кога тие се соочуваат со потешкотии и трагедии. Една од двете жени се откажува од шансата за брак и прави кинески обред „Церемонија со скратување на косата“, каде што ја сече косата за време на прославата и се зарекува дека никогаш нема да се омажи, посветувајќи го остатокот од својот живот на свиленото сестринство… Но, што ако сепак таа жена се заљуби и ги погази обичаите?
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.