ПОСЛЕДНАТА РУСКА КУКЛА

550 ден 250 ден

„Најопасни се оние приказни кои луѓето не сфаќаат дека ги кажуваат”.

Во едно далечно кралство, во една земја… млада девојка живее среќно во Москва со своето семејство: сестра, татко и нејзината ексцентрична мајка, која сака да раскажува бајки и да собира порцелански кукли. Една летна ноќ сè се менува и од тоа семејство останува само девојчето кое се вика Рози и нејзината мајка.

Една деценија подоцна таа студира на универзитетот во Оксфорд и има англиско име, вереник и ветувачка иднина, но сè што таа сака е да се помири со минатото поминато во Русија и да го закопа засекогаш. По смртта на нејзината мајка, Рози се враќа во Русија, вооружена со чуден фолклор на нејзината мајка и еден единствен клуч. Она што таа го открива е бомбастична семејна историја што ја опфаќа револуцијата од 1917 година, опсадата на Ленинград и чистките на Сталин… Во срцето на оваа сага живее една млада благородничка – Тоња, убава како порцеланска кукла, чии постапки и љубов кон идеалистички маж ќе започнат со приказна што ќе одекнува низ векот…

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.