Од наивна, уништена и оцрнета, таа станува самоуверена и успешна.
Камал седи сама во темната и студена ноќ, запрепастена од неодамнешните настани што ѝ се случија. Не може да се врати дома, бидејќи таа веќе не е добредојдена таму. Иако мислеше дека конечно ја најде љубовта и среќата, таа врата ѝ се затвори. Па, каде да оди?
Додека таа седи вкочанета на поројниот дожд, ѝ приоѓа љубопитна и загрижена жена – Мишел. Во таа застрашувачка ноќ, Мишел ѝ помага на Камал. Ако неодамнешните настани ѝ го свртеа животот наопаку, она што допрва следи е како разорен земјотрес во нејзиниот живот.
Болката во срцето која ја преживеа од неа направи нова личност. Од наивна, ранлива и скршена жена, таа станува самоуверена и успешна. Но, години подоцна, дух од нејзиното минато ја враќа на вистината што таа одбра да ја игнорира, вистина што треба да ја однесе во Индија за конечно да се соочи со нејзиното минато.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.