Совршен брак или совршена лага…
Сара конечно го пронаоѓа тоа што го сака: нов сопруг, нова кариера и мир. Но, во нејзиниот свет, мирот е само затишје пред бура.
Кога таа открива дека сопругот Боб ја изневерува, Сара не паѓа во очај, туку планира одмазда. Разводот за неа е бизнис и таа секогаш победува. И токму кога мисли дека ја постигнува целта, играта станува заплеткана – љубовница на Боб исчезнува.
Сомнежот паѓа врз сите. Лагите веќе не се кријат, се користат како оружје. Сара и Боб влегуваат во опасна, психолошка војна каде што не победува најпаметниот, туку најбезмилосниот.
Психолошки трилер полн со пресврти што ќе ве натера да се сомневате во сè, дури и во вистината.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.










