Ноќниот Демнач повеќе не е жртва, туку одмаздник…
Како сенка се движи длабоко во ноќта и ги демне луѓето. Сенката ја нарекоа ‘Ноќниот Демнач’ – сите ја зборуваат, а никој не ја видел. Некои се сомневаат дека е жена, а други дека е дете.
Зад маската на Ноќниот Демнач се крие лик што животот го скршил. Тој лик не се рoдил лош – животот го натерал да стане она од што најмногу се плаши… Секоја негова одлука е внимателно испланирана, секој негов чекор е порака: вистината секогаш го наоѓа патот, дури и во темнината.
Додека стравот расте, детективката Ерика почнува да сфаќа дека никој случајно не е демнет, и колку поблиску се приближува до демначот, толку повеќе се гледа себеси во него… Во свет каде што правдата доаѓа предоцна, едно прашање останува нејасно: дали злото се раѓа или се создава?
Напнат трилер со брзо темпо, каде ловецот станува плен, а пленот – ловец.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.










