ЛАВИЦИТЕ ОД ТЕХЕРАН

520 ден

Оние што те сакаат најмногу и оние на кои најмногу им веруваш, може да ти го уништат животот.

Иран, земја каде што законот наложува деветгодишни девојчиња да можат да стапат во брак, каде што по улици шета полиција за морал и казнува жени за несоодветно носење на хиџаб со тепање и затвор… Две жени лавици се борат за женските права.

Иако Ели живее раскошен живот со својата мајка, таа копнее да има најверна другарка на која ќе може да ѝ се исповеда.

Кога најмалку очекува, таа ја запознава Хома – љубезна девојка со храбар и непоколеблив дух, која мечтае да стане судијка. Заедно тие талкаат во Големата чаршија и се насладуваат на шарените вкусови, споделувајќи ги своите амбиции да станат жени лавици.

Но, како што политичките превирања во Иран доаѓаат до неочекуван пресврт, едно неочекувано предавство ќе предизвика големи последици.

Хипнотизирачка приказна за љубовта и храброста и за тоа колку нè обликуваат оние кои ги среќаваме кога сме млади.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Поврзани книги