За да си го зачуваат бракот, отидоа во Крит – местото каде што започна нивната љубовна приказна.
Иди мисли дека една седмица под грчкото сонце, далеку од секојдневието, може да им помогне на неа и Ралф повторно да се пронајдат.
Додека старите спомени оживуваат, Еди и Ралф се соочуваат со сè што премолчуваа: со љубовта што сè уште тлее меѓу нив, но и со прашањето дали е доволна за да не се изгаси.
Во Вилата Аријадна, помеѓу мирисот на море, долгите вечери и незаборавните зајдисонца, ќе откријат дека понекогаш е потребно да се изгубиш за повторно да се пронајдеш.
Дали Крит ќе биде место каде што нивниот брак ќе заврши… или место каде што нивната љубов ќе се обнови одново?
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.









