Најдобриот подарок кој може некому да го подариме е времето.
На Патриша и Марк бракот им се распаѓа. Тие одамна се откажаа од надежта дека некогаш ќе бидат среќни и дека ќе поминат Божиќ за паметење. Но, работата на Патриша како социјален работник ја води до едно мало прекрасно дете. Таа од очај не размислува рационално и ги прекршува правилата, па го носи детето во својот дом.
И Божиќ повторно станува време за радост… Патриша успева да го задржи својот сопруг и да ја обнови љубовта што некогаш цветаше.
Чуда се случуваат насекаде, само што овојпат Патриша и Марк ги гледаат тие чуда и успеваат да најдат надеж дури во темнината, сфаќајќи дека надежта секогаш се темели на најголемиот дар кој ни е даден – семејството.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.













