Никогаш повеќе нема да дозволам моето срце да стане играчка на некој друг. Никогаш повеќе нема да дозволам маж да застане помеѓу мене и моите цели. Никогаш повеќе нема да сакам без да добијам љубов за возврат. Ќе ја барам вистинската љубов, па ако треба и целиот мој живот за да ја пронајдам.
Тоа беа моите завети, и по сè што се случи со Конор и Вестон, бев решена да ги одржам, за да го заштитам моето срце.
И потоа тој се врати дома и моите завети станаа негови ветувања. Тој го освои моето срце со почит и грижа, помагајќи ми да ја пронајдам најголемата цел во мојот живот. Ме сакаше со љубов толку чиста, што знаев дека никогаш повеќе нема да почувствувам нешто слично ни во сто животи. Сè додека не се сруши сè кога открив дека длабоката љубов што мислев дека ја пронајдов е мрежа од лаги, толку невидлива што не ја ни забележав. Сè додека не стана предоцна…
Книгата е втор дел од серијал, продолжение на „Најсветлата ѕвезда“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.