Тенка е линијата помеѓу омразата и љубовта.
Бо не може да се помири со смртта на мајка си, таа го остава својот вереник пред олтар и ја напушта работата како полицајка во Мајами. Таа не гледа светлина, сè додека не го запознае Џејмс Кели, кој изгледа исто толку оштетен како и неа. А сепак, и покрај неговата студена фасада, тој ѝ поттикнува некакви чувства.
И невозможно е таа да му одолее.
Џејмс Кели има само една цел – да го најде човекот кој го убил неговото семејство. Но, истрагата го води директно до Бо Хејли – ќерка на озлогласената детективка која немилосрдно му дишеше во врат. Бо не е она што Џејмс го очекува, и покрај темнината што ја обвива, тој наоѓа блесок светлина – светлина која му предизвикува зависност. Затоа тој мора да одлучи: да ја остави да дише и да ѝ открие кој е тој, или, пак, да ја убие и да продолжи со својата мисија. Двајцата се измачени души кои играат смртоносна игра. Кој ќе преживее?
Книгата е 2 продолжение, после „Британецот“.
Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.