ВО ПОТРАГА ПО НОЕЛ

460 ден 200 ден

Од кралот на божиќните приказни – Ричард Пол Еванс.

Постојат приказни кои се чуваат во кутии со панделки, затворени. Таквите приказни се отвораат еднаш во годината, за Божиќ. Мојата приказна е божиќна приказна. Таа засекогаш го промени начинот на кој го гледам Божиќ.

Додека сите се под божиќна еуфорија, Марк е во депресија. Животот му задава еден удар по друг, сè до една снежна ноќ кога запознава девојка со име Мејси. Таа доаѓа во неговиот живот без некаква најава и го менува засекогаш.

Мејси сака да ги избрише спомените од минатото и да го најде своето биолошко семејство. Божиќен украс испишан со име „Ноел“ е единствената трага за која само нејасно се сеќава, трага која ќе ги убеди неа и Марк дека секогаш е најтемно пред да зазори. Но, Божиќ е магичен: додека некои луѓе во тешки моменти излегуваат огорчени и скршени, други пак, стануваат посилни и со поголема емпатија. Истото ветре кое некои пламенчиња ги гасне, други ги разгорува…

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.